Како Tesla Autopilot системот го „гледа“ патот

До податоците од Autopilot системот има дојдено YouTube корисникот Pranav Kodali и од неговото видео може да се види како овој систем го "гледа" патот пред него, кои информации ги собира и слично

Autopilot системот на Tesla е втората работа која успева да привлече големо внимание во јавноста. Главната причина за тоа е можеби лошиот начин на презентирање на овој систем од страна на компанијата, систем кој доста луѓе го мешаат со целосно автономен систем за управување, па не ретко можевме да видиме видеа од сообраќајни незгоди со Tesla автомобили чии возачи го оставаат воланот.

Како и да е, овој систем покажува голем потенцијал, од компанијата сериозно го развиваат и во иднина се очекува да прерасне во целосно автономен систем кој ќе го управува автомобилот во секакви услови. Кога тоа време ќе дојде, се очекува значително да се намали бројот на незгоди поради тргање на човечкиот фактор од сообраќајот, меѓутоа има време до тогаш.

Во видеото на почетокот од статијата можете да видите како Autopilot системот го “гледа” патот, односно што се забележува и зема во предвид кога автомобилот се движи. Видеото е објавено од страна на YouTube корисникот Pranav Kodali и тој тврди дека има дојдено до податоците од системот.

ИЗВОРDriving
Претходна статијаWindows 10 ќе добие нови икони со дизајнот на тие на Office 365
Следна статијаCIMON е првиот AI асистент испратен на Меѓународната Вселенска Станица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.