Автопилотот на Tesla е само вовед во целосната автономност на нивните возила која Елон Маск планира да биде реализирана до 2018 година. Најновата надградба наречена HW2, или скратено Hardware 2, е инсталирана само на 1.000 понови Model S и Model X возила кои се произведени од крајот на октомври, па навака. Ова е поради тоа што поновите возила имаат вградено понови радари, камери и ултрасонични сензори. Своевиден подарок на компанијата за своите корисници со оглед на тоа дека надградбата беше извршена на новогодишната ноќ.

Сепак лимитираната надградба се должи на целосното отстранување на секој поединечен проблем кој би можел да се појави при користењето на оваа верзија на автопилотот. Кога ова ќе се случи, ќе имаме и официјална надградба за сите модели на Tesla. Поради ова, возачите се советувани да бидат внимателни и спремни да го „грабнат“ воланот доколку се случи некоја неочекувана ситуација. Овој update вклучува предупредување за судир, програмирана безбедна дистанца, traffic-aware контрола на возењето, автоматски систем за управување при бавен сообраќај или сообраќаен метеж и друго.

Сето ова укажува на насоката кон која се стремат Tesla и Elon Musk. Сеуште нема спиење во автомобилот додека патувате на работа, но може да се очекува во иднина доколку продолжи овој тренд на развој на автопилотот. Сите нови модели на Tesla кои во иднина ќе бидат произведени ќе стартуваат со овој Autopilot 8.1, додека пак целосно автономните возила од оваа компанија би можеле да ги очекуваме кон крајот на оваа година или некаде во 2018 година.

Извор: IbTimes, TechSpot

Претходна статијаSamsung ќе вгради функција слична на “Continuum” во Galaxy S8
Следна статијаНаслови кои гиковите нестрпливо ги очекуваат во 2017