Како што беше најавено, надградбата на софтверот на Tesla беше претставена на 28 – 29 март. Оваа надградба беше достапна за корисниците кои го имаат новиот Autopilot 2.0 хардвер пред повеќе од две недели од официјалниот датум на претставување. Новата 8.1 надградба на софтверот треба да донесе подобрувања пред се во корисничкиот интерфејс. Но од друга страна треба да го направи Autopilot 2.0 компатибилен со првата генерација. Ја зголемува брзината на Autosteer од 88 километри на час на 128 километри на час. Од Tesla предупредуваат дека на камерите им треба калибрација пред Autosteer да ја достигне оваа брзина. Во меѓувреме возачите ќе може да ја достигнат брзината од 88 километри на час.

Summon функцијата која што им овозможува на возачите да го движат своето возило низ паркинг простор без да се присутни внатре во истото, досега беше достапна само со првата генерација на Autopilot. Сега е претставена како бета верзија под името Tesla Vision. Постојат и други интересни и корисни новитети како што е Auto Lane Change, функција која што овозможува менување на лентите на автопат со едноставно користење на левиот или десниот трепкач, додека Autosteer е активиран. И оваа функција исто така беше достапна со првата генерација на Autopilot.

Со оваа нова 8.1 надградба на софтверот се очекуваше и нов интернет пребарувач како и надградба на Linux kernel, но засега нема никакви новости во врска со нив. Се очекува и официјален извештај на компанијата во врска со сите новитети кои што ги нуди 8.1.

Извор: Electrek

Претходна статијаSamsung DeX го продолжува сонот за смартфон кој може да се користи како десктоп компјутер
Следна статијаGalaxy S8 има нова, супер моќна задна камера, иако и натаму има 12 мегапиксели