Telescopic-contact-lens-EPFL-BN_dezeen_784_1

Орлите имаат исклучително силни очи, кои се проценуваат на 4 до 8 пати помоќни него човечките. Со нив тие можат да фаќаат плен од огромни далечини, и јасно да го гледаат за разлика од луѓето кои не можат на тие далечини да распознаат големи детали.

Ваквата визуелна способност е предмет на замислување и посакување од страна на луѓето со векови. Поради истата е измислен телескопот, микроскопот, дурбинот, двогледот и други алатки кои ни овозможуваат да гледаме таму каде што нашите очи не` „разочаруваат“, но сите овие уреди се премногу тешки или незграпни за редовно користење. Што велите за телескопски леќи кои можете да ги ставите на очите и да гледате далеку посилно од што можете природно?

Развитокот на технологијата само што донесе вакви леќи. Претставени на AAAS конференцијата, ваквите леќи ви овозможуваат 2,8 пати зголемување на сликата, а самото зголемување се остварува преку поларизација на светлината која поминува низ двете сочива на леќата. Смената на поларизацијата ќе може да се оствари со трепкање, со тоа што не е јасно како ќе се изведе без да предизвика пречки на гледањето. Леќите оригинално се наменети за луѓе кои имаат расипано гледање и дегенерација на природната леќа со стареење. Секако може да се забележи потенцијалот да се искористат истите во разни цивилни, па и воени цели.

Леќите се 1,5 милиметри дебели и имаат канали за проток на воздух од 1 милиметар, што е навистина големо подобрување во однос на другите претходни модели. Секој кој носел леќи знае дека очите знаат да бидат исушени и оштетени ако до нив не стигнува доволно воздух поради леќата.

Се смета дека стотици милиони луѓе низ светот имаат проблеми со очите и со опаѓање на нивната јачина и способност да служат. Едно вакво решение може да им приушти на овие луѓе помош која е интегрирана со нивното тело без да мора да носат очила или други понезграпни објекти. Дополнително, комбинација на вакви леќи со екран ќе овозможат поголемо поврзување со виртуелна реалност или пак добавување на информации без да мора да се отвори друг уред (на пр. телефонот). Тие дури и ќе почнат да се користат за дијагностицирање и лечење на болести. Иднината врзана околу вештачките леќи се развива кон повеќе правци.

Извор: Vice, Dezeen

Претходна статијаЗлатните наноцевки во демонстрација на борба против рак
Следна статијаПоранешниот CEO на GM ги советува Apple да не влегуваат во бизнисот со автомобили