acoustic-levitation

Научниците од 50тите години би биле апсолутно шокирани да можат да видат какви се технологии имаме денеска во 2014-та. Речиси сите технологии кои беа предвидени во научната фантастика пред 50 години се денеска или секојдневна реалност, или постојат барем во форма на прототип.

Една работа која одамна постои во научната фантастика, но од која сеуште нема ни траг во реалноста – се лебдечките технологии. Дали се тоа лебдечки автомобили или едноставно роботи кои лебдат по нашиот дом или работно место – некако изоставуваат во плановите на денешните техно-корпорации.

Сепак, деновиве видовме една вест која може да го промени сето тоа. Се чини дека број истражувачи од Јапонија се забавуваат со акустични експерименти за манипулација на физички објекти. Видеото во продолжение може да долови многу.

Во основа процесот е базиран на лебдење објекти користејки звучни бранови, но сеуште не е јасно каква е практичната намена од овие забавни експерименти. Првото и најголемо ограничување на овој процес е тоа што објектот кој лебди мора да биде во полето каде се емитираат овие звучни бранови. Во пракса тоа значи дека ако сакаме да имаме на пример цел град со лебдечки автомобили, секоја улица би требала да биде еден огромен звучник.

acoustic-levitation-2

Претходна статијаiOptik – Конецепт кој комбинира леќи и очила за проектирање на слика
Следна статија3D принтери – нова технологија со голем потенцијал