Техничкиот Универзитет во Минхен во соработка со уште еден универзитет, како и целосно поддржани од федералната влада во Германија, го развиваат системот за автономно слетување на авиони наречен „C2Land“.

Името на системот кажува дека тој му дава можност на авионот да гледа со цел да може целосно сам, без помош, да слета, без разлика какви се условите и прегледноста на аеродромот.

Целта на еден ваков систем не е да контролата на летање целосно се предаде во рацете на компјутерот. Тоа иако еден ден сигурно ќе се случи, сепак, целта на овој систем е да им овозможи на авионите кои слетуваат на помали аеродроми, кои немаат системи за помош при слетување, а временските услови не овозможуваат добра прегледност за пилотот, самите да можат да слетаат.

Поголемите аеродроми имаат систем кој му овозможува на авто пилотот во авионот, насочување при слетувањето, па иако слетувањето обично го прави пилотот, при лоша прегледност, авто пилотот може да ја заврши скоро целата работа, а по потреба може и да слета.

Клучното кај овој систем е што насочувањето доаѓа од сигнали на земјата, односно системот му ги праќа потребните информации на авто пилотот со цел да може да управува.

Овие системи не се достапни на помалите аеродроми, односно тие се достапни обично кај најголемите и познати аеродроми.

C2Land системот е составен од две камери на предната страна кои прикажуваат обична и инфрацрвена слика. Со тоа компјутерот може да „гледа“ во било какви услови, а софтверот е тука да го направи слетувањето.

Од Техничкиот Универзитет во Минхен го направија и првото слетување кое е целосно автономно, односно без помош од систем кој е поставен и на земјата. Видеото во продолжение го прикажува летот каде пилотот воопшто не помага при слетувањето на малиот тест авион.

ИЗВОРTUM
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаПазар3 ја прославува тринаесеттата година од своето постоење
Следна статија„Неоткриена убавина“ е мото на наградниот фотографски конкурс на Huawei за лето 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.