arearequired1000

Сите знаеме дека сончевата енергија е еден вид на бесплатен, „обновлив“ извор на енергија кој некако не го искористуваме. Иако само околу 1-2% од Сончевата енергија стигнува до површината на Земјата, тие се доволни да ја задоволат нашата потреба за енергија, без да има потреба од друг извор на енергија, неколкукратно и во иднината!

Сепак, сончевите панели не се толку честа глетка колку што би сакале да ги видиме насекаде. Тие заменуваат дел од производената електрична и топлинска енергија, но се` уште се ретка глетка, дури и во општества каде има многу сончеви часови (како нашето). Од друга страна, индустријата на електрични автомобили, маглев возови и паметни домови наскоро ќе стане доминантна – а таа работи на електрична енергија.

Па логички се поставува прашањето – колку сончеви панели се потребни за да се задоволува целата потреба за енергија на човештвото? Претпоставката е дека ќе нема воопшто место за било што друго, имајќи предвид дека панелите се само околу 20% ефикасни, нели? Погрешно.

skitchmap2

Имено, според пресметката на Land Art Generator Initiative, површината која треба да се покрие со сончеви панели за да се задоволи потрошувачката во 2030 година би била околу 496.805 квадратни километри или приближно површината на Шпанија.

До резултатот е дојдено земајќи го предвидувањето на Енергетската информациона администрација на САД за целосната потреба за енергија на човештвото во 2030 г. и земајќи ја предпоставката за немање никакво подобрување од 20-те проценти ефикасност. Би ја менувале Шпанија за апсолутно покритие со обновлив извор на енергија?

Среќа, нема да има потреба од тоа. Секако дека панелите нема да бидат сместени на една локација, но и да бидат – тоа најверојатно би била Сахара, која е 18 пати поголема од оваа површина. Ако не бидат, ќе бидат распоредени насекаде низ светот и ќе ги покриваат потребите за енергија по региони.

На шпанците ќе им оставиме по некоја плажа да продолжат да се печат во нивниот препознатлив заводнички медитерански латино стил.

Извор: Techinsider, LandArtGenerator

Претходна статијаЕдвард Сноуден отвори Twitter профил – Следи само еден профил
Следна статијаPixel C е новиот таблет/лаптоп на Google со Android Marsmallow