По неколку одложувања, конечно четврток е одбран како конечен датум за лансирање на два проторипови на сателити во орбита околу планетата. Компанијата SpaceX планира ова да го изведе со помош на нивната ракета Falcon 9. Сателитите ќе имаат за цел да остварат нов начин на поврзување со тоа што ќе овозможат нов вид на сателитски интернет.

Патувањето ќе го делат и со поголемиот „роднина“ сателитот Paz, но очите на јавноста се свртени кон помалите патници. Сателитите именувани Microsat-2a и Microsat-2b. Тие се дел од проектот кој во тајност го развиваше SpaceX. Иницијално операцијата требаше да биде изедена неколку денови претходно, но различни фактори го одложија полетувањето.

Актуелната технологија на овозможување на сателитски интернет се базира на неколку „статични“ сателити сместени на висина од околу 35.000 км од површината на земјата. „Патувањето“ на информациите од корисникот до сателитот и назад знаат да покажат особено неквалитетни перформанси. Практично кажано, пренесувањето на видео во живо е невозможно или крајно фрустрирачки. Потребата информациите да патуваат огромни дистанци создава задоцнување на истите и неквалитетно корисничко искуство.

Проектот Starlink на SpaceX има за цел да го измени тоа на начин што сателитите ќе ги постави многу пониско. Меѓутоа, со тоа доаѓа и ограничена зона на оперирање на сателитите, кои можат да покриваат многу помал простор. Па така, за покривање на целата населена површина на планетата би биле потребни повеќе вакви сателити. Плановите на компанијата се да постават дури 4.425 сателити од ваков вид на висини помеѓу 1.100 и 1.300 км. Веќе со првите 800 сателити би се овозможила комплетна покриеност на територијата на САД. A тоа ќе биде доволен доказ за успехот на проектот.

Ваквите амбициозни планови предизвикаа серија реакции, примарно кај конкурентските компании. Загриженоста примарно се базира на безбедноста на веќе посточеките сателити во орбитата. Меѓутоа SpaceX гарантира дека се испочитувани безбедносните стандарди. Па дури и се обврзаа да ги „симнат“ од орбита сателитите при крајот на нивниот животен век, кој се проценува на 5-7 години. Се разбира, овој проект е се уште далеку од комерцијална употреба. Првите два сателити би требало да се најдат во орбита денес. Со тоа ќе биде направен само првиот чекор кон обезбедување на безжична конекција на целата планета.

ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаHuawei P10 е првиот паметен телефон кој знае да вози
Следна статијаАдева со обука ќе го поддржува развојот на ИТ вештините на жените во Македонија