spacex-mars-3

Веќе подолг период можеме да прочитаме за желбата на Елон Маск, сопственикот на SpaceX, да во блиска иднина започне со испраќање луѓе на Марс.

Оваа недела тој излезе официјално да даде повеќе информации за овој негов проект, односно причините, начинот на патување и слично.

Во основа, Маск смета дека луѓето треба да станат мулти планетарен вид и со тоа да се заштитат од евентуалното истребување на видот кое според него може да се случи некогаш во иднина.

Планетата Земја е пренаселена, нејзините ресурси се трошат без некој посебен план, па се поставува прашањето, со другите потенцијални проблеми, што ќе биде со нас во вековите што следат.

Колонизирањето на други планети, а би се започнало со Марс, ќе овозможи човечкиот вид да преживее што и да се случи со Земјата.

На неговата презентација, Маск го објасни и видеото кое беше претставено нешто порано, од кое може да се видат првичните планови за тоа како луѓето би стигнале до Марс.

Клучен дел од леталата е и моментално развиваната ракета која треба да се употребува повеќе пати, поради можноста да направи вертикално слетување назад на земјата.

Во планот за пат до Марс, оваа ракета прво го носи леталото кое ќе ги пренесе луѓето до црвената планета до орбитата на Земјата, по што истата се враќа назад од каде што има полетано.

spacex-mars-2

Второто полетување е со цел да се донесе гориво до леталото, кое ќе му овозможи да стигне до Марс. Леталото исто така користи енергија од соларни панели кои се отвораат кога ќе го започне патот.

Интересно, поради тоа што патот сепак не е краток, се најавува дека во него ќе има ресторан и слични работи кои треба да го направат патувањето полесно.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од презентацијата на Елон Маск и како тој сето ова го замислува.

Претходна статијаТри причини кои ќе ве натераат да ја промените работата
Следна статијаЗошто работното искуство додека студираш е клучно за успешна кариера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.