Покрај тоа што најави дека планира да однесе луѓе на Месечината и Марс и да направи база, односно град на тие небесни тела, Елон Маск најави и дека неговата компанија SpaceX работи на нова ракета, која ќе ги замени сите ракети кои ги користеа досега.

Според тоа, оваа ракета ќе биде користена за сите патувања, било дали се работи за далечни патувања како тие на Марс и на Месечината или пак патувања во орбитата на Земјата, односно предложените патувања на други дестинации на Земјината топка.

Новото летало ќе биде флексибилно и ќе може да се прилагоди на потребите на различните типови на лансирање и според Маск, ќе може да се употреби повторно 100%, исто како авионите кои летаат низ нашата атмосфера. Самата ракета, односно нејзиниот горен дел е всушност комбинација на Dragon и Falcon 9. Како и досега, Маск оваа ракета ја вика “Big F*cking Rocket”, односно буквално преведено „Е*ено Голема Ракета“.

Идејата зад оваа ракета е да се намалат трошоците потребни за патување. Имено, благодарение на тоа што таа ќе биде користена за носење товар во вселената како и лансирање на најразлични типови на сателити, цената на патување со неа драстично ќе се намали, а во однос на останатите ракети на SpaceX: Falcon 9, Falcon Heavy и Dragon.

Тоа е всушност и најинтересната информација во оваа вест – патувањата во Вселената ќе бидат исклучително скапи и секое намалување на цената е секогаш добредојдено, а тоа особено важи за далечни патувања како она на Марс.

Извор: TechCrunch, Quartz, The Verge

Претходна статијаFacebook ќе овозможи логирање на вашата сметка само со вашето лице
Следна статијаDoogee Mix 2 е шпански смартфон со модерен дизајн и мала рамка околу дисплејот