Converted_file_615efe77

Молекулите на стаклото (направени од силикон двооксид и други соединенија) се поставени во случаен редослед. Тоа значи дека нивната поларизација е неконзистентна и соодветно на тоа – непостоечка. Кога ќе се пушти ласер да свети низ стаклото, на другата страна резултатот е сигнал со целосно разнолика поларизираност, и ова е карактеристика која се знае за стаклото оддамна. Барем досега.

Имено, една екипа на научници од Универзитетот од Чикаго успеаа сосема случајно да создадат стакло чии молекули не се целосно случајно распоредени. Начинот на кој го создале ова стакло е преку употреба на нов метод за „леење“ на стаклото. Тие, место да ги загреваат кристалите до ултрависока температура за тие да се стопат во стаклена течност, која потоа ќе се излади во цврст производ стакло, употребиле метод на испарување на кристалите кои потоа директно ги префрлаат во цврста состојба.

Ваквиот начин е доста тежок да се постигне и бара да се одржува тесен распон на температура каде стаклената пареа може да се претвори во цврста состојба. Сепак, со ваквиот начин на создавање стаклото има поголема организација во своите молекули, што резултира со нецелосно случајна поларизација. Тоа го забележале научниците кога по создавањето на ваквото стакло го ставиле пред ласер. Ласерот покажувал одредени точки на фокус кои во стакло создадено преку стандардниот метод не постои.

Стаклото инаку е течност со огромна вискозност, па затоа функционира како цврст предмет. Ако оставите доволно масивен стаклен предмет неколку децении тој на својата подлога ќе стане подебел, што докажува дека стаклото е всушност течност. Овој ефект може да се забележи кај многу стари прозорци кои понекогаш има проблем со замена на стаклата бидејќи дел од молекулите „истекле“ надолу и го задебелите долниот дел – оневозможувајќи да се извади.

Извор: Phys.org, IFLScience

Претходна статијаApperture Wrench – прилагодлив клуч со одличен дизајн
Следна статијаFossil го претстави својот прв Android Wear паметен часовник