Едно од најиновативните решенија во иднина можеби би било инсталирање на сообраќајни ознаки на земја за пешаците кои користат смартфони. Со оглед на тоа дека постојано гледаат во нивните смартфони и се со наведната глава, ваквите експерименти еден ден може да се покажат како многу корисни дури и да спасат нечиј живот.

Секој од нас барем еднаш бил во ситуација да гледа во својот телефон додека се движи по улица. Според некои, овој проект ќе им овозможи на луѓето да продолжат да користат смартфони додека се движат по улица, а не би требало да го прават тоа. Но според многумина ова е корисен и реален проект кој решава еден голем проблем од нашето секојдневие и кој ќе биде уште позастапен во иднина.

Вакви сообраќајни ознаки на земја веќе се инсталирани во градови во Холандија и Германија, и треба да покажат дали има простор и потреба за нивна поширока употреба. Во германскиот град Augsburg се инсталирани овие ознаки два месеци одкако 15 годишно девојче го загубило животот по ударот од трамвај кој што не го забележала додека преминувала улица гледајќи во својот смартфон со слушалки на ушите.

Дури 17 проценти од луѓето ги користат своите паметни телефони додека се движат и преминуваат улици. Еден од најнеобичните инциденти се случил во Стокхолм, каде што млада девојка застанала сред улица и пишувала порака на својот мобилен, и се додека возач на автобус не ја предупредил воопшто не била свесна каде се наоѓа во моментот.

Извор: Telegraph, ANOT

Претходна статијаЕнергетската ефикасност е од големо значење за граѓаните и за животната средина
Следна статијаВо која етапа на развој на продукт се наоѓате?