Lets Go Digital

Технологијата која овозможува екраните да се замотаат постои веќе одреден период. Покрај презентацијата на оваа технологија, показател до каде е развојот на истата е и LG SIGNATURE OLED TV R кој беше прикажан на CES 2019 на почетокот од годината.

Според неофицијални информации, Sony наводно работи на развој на смартфон којшто би користел ваква технологија, односно ваков екран.

Мораме да се запрашаме која би била функционалноста, односно предноста на еден ваков уред. Можеме тотално да го замислиме овој екран како во случајот со телевизорот од LG. Корисниците ќе добијат можност да имаат телевизор со огромен екран, меѓутоа тој нема да „пречи“ и привлекува внимание секогаш во дневната соба, затоа што ќе може да се замота и сокрие во неговата комода. Но која е предноста на еден ваков смартфон?

Секако, прво нешто што би ни текнало е можноста да телефонот се замота и со тоа стане многу помал, меѓутоа за разлика од смартфоните кои се преклопуваат, одмотувањето на екранот не би било толку брза активност.

Како и да е, ова моментално е само шпекулација за која не може да се знае колку ќе се погоди како точна и дали ќе видиме еден ваков телефон на пазарот.

За овој уред исто така се најавува дека ќе има карактеристики од највисоката класа, а според чипот којшто се најавува, тој би требало да биде претставен веќе за некој месец, односно оваа година.

Минатата година можевме да прочитаме за патент од Sony за смартфон со екран кој би се превиткувал и преклопувал од горната кон долната страна, а исто така тој би бил и проѕирен. Овој концепт е нешто што сигурно би бил повеќе привлечен за корисниците, а насловната слика од оваа статија го прикажува токму него.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2PocketNow
Претходна статијаЏони Ајв подолго време не бил задоволен во Apple што резултираше со неговото излегување од компанијата
Следна статијаGoogle Chrome ќе добие „play/pause“ копче на горната лента за полесна контрола на табовите со видео или музика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.