Lets Go Digital

Патентите кои ги поднесуваат компаниите, иако не се гаранција за тоа каков производ ќе видиме од нив, сепак се еден вид на показател на тоа на кое работат и што може да очекуваме во иднина, генерално од технологијата.

Идната година конечно ќе биде годината кога ќе видиме некаква еволуција на смартфоните, после повеќе од 12 години. Промената ќе дојде од еластичните екрани кои може да се превиткуваат, па со тоа да овозможат користење на хибридни уреди, односно уреди со големина на таблет компјутер кога се отворени, па со нивното затворање, односно преклопување, помал уред кој е преносен како мобилен.

Повеќе компании работат на вакви екрани, а Samsung веќе и го претстави нивниот Infinity Flex, екран кој ќе се користи за првиот ваков уред од нив идната година. Тука се, се разбира и Huawei, Microsoft, LG и другите.

Нов патент од Sony, забележан од страна на Lets Go Digital порталот, покажува дека Sony размислува во правец на уште поинтересен и пореволуционерен производ. Тие исто така работат на еластичен екран којшто ќе се превиткува, меѓутоа нема да застанат само на тоа.

Нивниот екран, кој се надеваме дека ќе го видиме во официјален производ наскоро, ќе биде и проѕирен. Проѕирни екрани досега за жал имаме видено само во научно фантастичните филмови, па уште немаме ни најава дека може ќе ги видиме и во реален производ.

Сепак, за разлика од филмовите, технологијата е прилично далеку од целосно проѕирен уред, па и на патентот од Sony се гледа дека проѕирен би бил само екранот, додека ќе мора да има рамка и посебен дел каде ќе бидат сместени компонентите.

Како и да е, ваков уред, без разлика од кого ќе биде претставен, сигурно ќе привлече големо внимание и ќе сакаат да го купат голем број на корисници.

ИЗВОРT3
Претходна статијаЗошто Јапонија ги смета роботите за сојузници (а не за непријатели)
Следна статијаНил ДеГрас Тајсон: Елон Маск е поважен од Стив Џобс, Џеф Безос и Марк Закерберг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.