Бројките се ветувачки дури и после некои одлуки кои новиот претседател на САД Доналд Трамп ги донесе, а не се баш пријателски настроени кон обновливите извори на енергија. Сепак компаниите се тие кои одлучуваат во кој правец ќе тргнат во иднина. Со брзото опаѓање на цените на соларната енергија се чини дека не останува многу простор за размислување за насоката во која ќе се движи технологијата во иднина.

На пример, цените на литиумските батерии кои ги произведува Tesla се во опаѓање, поради тоа што производството е зголемено и постојано се зголемува. Моментално вредноста на батериите е 268 долари за еден киловат час, што е пад за цели 73%. Tesla предвидува цената да продолжи да се намалува и да достигне 100 долари за еден киловат час до 2020 година.

Од друга страна електричните возила влијаат врз цената на нафтата. Покрај електричните, тука се и возилата со хибрид мотори и мотори на алтернативни горива. Сите овие заедно може да го скратат производството на сурова нафта за 2 милиони барели дневно до 2025 година. Доколку се остварат предвидувањата дека електричните возила во иднина ќе бидат поевтини од останатите, тогаш може да очекуваме да достигнат бројка од 1.7 милијарди или 70% од вкупниот број возила до 2050 година.

Соларната енергија продолжува да се наметнува како најдобро решение за добивање на електрична енергија во иднина. Капацитетот се очекува да се зголеми за цели 5.000 гигавати помеѓу 2030 и 2040 година. Соларната енергија во комбинација со електричните возила ќе имаат сериозно влијание врз производството на јаглен и сурова нафта во иднина.

Извор: Forbes, TheGuardian

Претходна статијаAMD Ryzen ќе бидат двојно поевтини од Intel, но нема да работат на Windows 7?
Следна статијаApple ќе лансира 5 инчен iPhone годинава, но само најскапиот ќе има безжично полнење?