Живееме во време кога технологијата е присутна во скоро секој дел од животот, активностите, уредите и слично. Таа го унапредува живеењето преку унапредувањето на уредите и активностите, а со тоа придонесува кон полесно и поефикасно живеење.

Во денешно време, а во главно поради напредокот на технологијата и можностите кои произлегуваат од истото, веќе не ги правиме работите од што мораме и од што така сме навикнати. Технологијата донесува ново ниво кое подразбира и голема доза на задоволство и внесување во работите.

Паметниот дом или Smart Home решенијата, се една од поголемите и поинтересни предности кои ги донесе развојот на технологијата. Можностите и олеснувањата кои се достапни се само дел од предностите кои корисниците ги добиваат, а мора да се додаде и колку е оваа технологија интересна за користење.

Како што е случајот генерално со технологијата, паметниот дом вклучува уреди кои веќе се дел од домот, а достапни се и уреди кои го дополнуваат стандардното домување.

Иако истакнуваме дека паметниот дом како технологија и можности е навистина интересен, сепак тој овозможува низа на практични и функционални предности. Како главни би ги истакнале:

  • Заштеда на електрична енергија
  • Можност за автоматизација на активностите
  • Подобрена безбедност
  • Можност за контрола и команда од „далеку“, односно преку мобилни апликации
  • Дополнување и проширување на можностите на уредите

Последната точка посебно треба да се земе во предвид. Тоа е така затоа што покрај можноста за додавање на уреди кои обично не биле дел од домот, технологијата ги унапредува уредите кои веќе одамна ги користиме. Пример се фрижидерите, грејните тела, клима уредите, шпоретите и слично.

Паметниот дом им овозможува на корисниците да сите уреди, се разбира тие кои ќе ги изберат, бидат поврзани со една централна точка од каде ќе се контролираат, односно поврзат со интернет. Потоа, со користење на соодветна мобилна апликација, овие уреди може да се, кратко кажано, вклучуваат и исклучуваат преку апликацијата, каде и да се наоѓа корисникот.

Практичните придобивки од ова се повеќе, а еве неколку примери. Го вклучувате вашиот бојлер за вода во бањата, 30 минути пред да се вратите од работа или го вклучувате за време на евтината струја додека сте на работа.

Истото може да се направи и со клима уредите, како и другите грејни тела. На ова се додава и можноста за автоматизација на овие активност, па на пример можете да наместите да вашиот бојлер секогаш се вклучува за време на евтината струја.

На ова може да се додадат и уште попаметни решенија, кои го учат вашето однесување, па го вклучуваат или исклучуваат вашиот уред зависно од вашите навики, температурата во просторијата и слично.

Сето ова, покрај тоа што е практично, на крајот од денот донесува значителна заштеда на електрична енергија. Никој од уредите нема потреба да работи повеќе од што е потребно, а паметните уреди, поврзани на интернет, го овозможуваат тоа.

Покрај практичноста и ефикасноста која ја нуди паметниот дом, треба да се напомене и безбедноста. Поставувањето на камери кои исто така се поврзани со мобилна апликација, овозможуваат целосна контрола и проверка на безбедноста на домот.

Можноста за вклучување и исклучување на светилките преку апликација е исто така нешто што придонесува за безбедноста преку „лажење“ дека сте дома за време на одмор. Од надвор ќе се гледа дека светлата во домот се вклучуваат, па никој нема да помисли дека домот е празен.

Иако вашиот дом можете да го направите паметен со повеќе решенија, сепак најдобро е кога ќе земете едно решение од една компанија. Тоа ќе ви овозможи контрола на уредите од една апликација, наместо од повеќе.

Иако на пазарот има повеќе, а со тек на време ќе има уште повеќе, едно решение кое се истакнува е тоа од познатите Xiaomi, во соработка со Македонски Телеком. Тие на пазарот го нудат решение кое вклучува повеќе уреди.

„Технологијата што носи додадена вредност во живеењето е технологија искористена за добро. Со SMART HOME, вашиот дом ќе стане паметен, а вие послободни за оние што вистински ги сакате.“ – истакнуваат од Телеком.

Уредите кои се дел од понудата за паметен дом од Телеком ги вклучуваат следните:

SMART SENSOR SET Smart Home сетот од Xiaomi е лесен за поставување и може да поврзува и контролира и други паметни уреди во системот на Xiaomi со помош на апликацијата Mi Home.

Контролен центар Контролниот центар е срцето на паметниот дом. Освен што функционира како ноќна светилка, аларм и ѕвонче – овој уред ги координира и сите останати паметни уреди во домот.

Сензори за врати и прозорци Овие сензори алармираат кога прозорецот или врататa на кои се поставени ќе се отворат. Дополнително, преку нив можете да ги нагодите паметните уреди во вашиот дом автоматски да се вклучуваат или исклучуваат при влегување или излегување од просторијата.

На овој начин можете значително да заштедите на струја и да го продолжите живoтниот век на вашите уреди.

Сензори за движење Овие сензори нудат две опции за програмирање: да започнат акција (на пример, да вклучат смарт сијалица) кога ќе детектираат движење, или да започнат акција кога нема да детектираат движење одреден временски период. Сензорите сами ќе го вклучат и ноќното светло доколку регистрираат движење во ноќните часови и ќе го исклучат ноќното светло кога движењето ќе престане.

WiFi прекинувач WiFi прекинувачот има три различни типови команди (еден клик, два клика и долг клик) кои можат да бидат програмирани за извршување на три различни акции, зависно од вашите потреби. Па така, со еден клик можете да ги исклучите сите смарт уреди во домот на излегување и да ги вклучите повторно кога влегувате во домот. Дополнително, се активира целосниот безбедносен систем за максимална сигурност.

SMART LED СИЈАЛИЦА Паметната сијалица се активира и нагодува преку Mi Home апликацијата на вашиот смартфон и нејзината функција може да се персонализира преку креаторот на сценарија кој е составен дел од апликацијата. Освен нагодување на интензитетот, таа нуди и нагодување на бојата и на топлината на светлото. На овој начин, добивате сијалица која свети во која било боја што ќе ја посакате, соодветно на вашето расположение и прилики.

SMART БЕЗБЕДНОСНА КАМЕРА Камерата овозможува 24-часовен видео надзор на вашиот дом. Има можност за двонасочна гласовна комуникација, снима во темница и автоматски се активира во случај на движење. Со самото активирање на алармот, камерата снима 12-секундно видео и автоматски го испраќа на вашиот смартфон како нотификација. Камерата го прави вашиот паметен дом максимално сигурен и ви дава целосна контрола над она што се случува додека не сте таму.

ПРЕПОРАЧАН  СЕТ ОД SMART HOME  УРЕДИ: – Smart Sensor set – 2 x Smart LED сијалица – Smart безбедносна камера Сетот прикажани Smart Home  уреди можете да го добиете за  1 денар, доколку склучите договор за Фамилијарен буџет со две мобилни линии во Magenta 1 M.

Претходна статијаСтратегија за штедење во Биткоин?
Следна статијаVIVAX продолжува со чекорите за општествена одговорност како компанија која е голем дел од пазарот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.