seeing-ai-01_story

„Вештачката интелигенција“ годинава направи веројатно најголем скок од кога почна да се размислува за неа, а доказ за тоа е и специјалната апликација, развиена од Microsoft дивелопер, која му овозможува да се запознае со светот околу него.

Сагиб Шаик е слеп од својата седма година, а работи за Microsoft веќе 10 години во филијалата во Лондон. Неговиот проект се базира на вештачка интелигенција развиена од Microsoft, односно ново развиеното API кое може да распознае најразлични објекти, животни и луѓе, а е дел од Microsoft Cognitive Services.

Апликацијата може да работи со помош на специјални Pivothead SMART очила или пак само со обичен паметен телефон. Имено, корисникот може да ги искористи очилата или телефонот за да сними видео или да ја слика околината и потоа специјалното API сето тоа што тој го гледа ќе го пренесе како аудио говор во неговите уши, нешто слично како што разговара Cortana во Windows.

„Вештачката интелигенција“ на Microsoft е толку многу развиена, што дури може да распознае и расположение на лицата на луѓето, покрај изгледот и полот, а потоа тоа да му го пренесе на корисникот. Апликацијата може да се користи и за читање на најразлични документи или пак менија во рестораните – можностите се навистина неограничени.

microsoft-bot-framework-640x342

Според тоа колку нова хардверска технологија бара, ваквата апликација би можела многу брзо да се најде во паметните телефони и вистински да им помогне на слепите подобро да се снајдат во околината и да комуницираат со другите луѓе.

Извор: The Next Web, Windows Central, ARS Technica

Претходна статијаMicrosoft: Windows Phone не е наш фокус годинава
Следна статијаЦентарот за известувања во Windows 10 ќе има нов изглед и известувања од Android