Skylens-HUD

Кога станува збор за ризикот од несреќа при патување, статистиката вели дека авионскиот транспорт е приближно 10 пати посигурен во однос на патувањето со автобус или воз. Еден од главните фактори кои мора да се земат во предвид во однос на сигурноста на авио транспортот се секако временските услови.

Низ годините, развојот на технологијата овозможи да мноштво уреди ја најдат својата примена токму во сферата на авио транспортот. Но и покрај ова, проблематиката со управувањето на авионите при нестабилни временски услови, остана и понатаму да им создава главоболки на сите ентитети кои се засегнати со авио транспортот. Па така, управувањето со авионите под услови на густа магла е нешто што од секогаш претставувало кошмар за пилотите.

Во насока на надминување на овој проблем, компанијата Elbit успеа да развие уред кој е дизајниран да им ја олесни видливоста на пилотите при процесот на полетување и слетување. Овој уред наречен Skylens е способен да им овозможи на пилотите виртуелно надополнета видливост која ќе им помогне кон полесно управување низ темница како и при услови на појава на магла.

Наменет за комерцијалната авијација, Skylens претставува уред кој е лесен и погоден за носење, сличен на очила за скијање, и истиот има способност да прикажува високо резолуциони слики, податоци, симболи и видео снимки. Уредот е дизајниран за да ги надмине проблемите при ниска видливост при полетување и слетување, на тој начин што до него стигнуваат и се прикажуваат сите информации кои инструментите и сензорите од аеродромите ги обезбедуваат.

Сега за сега, повеќето пилоти  користат Enhanced Flight Vision Systems (EFVS) за да ги добијат потребните податоци. Овие системи користат, инфрацрвени и други видови на камери и уреди за го снабдат пилотот со информации за тоа што се случува пред него при неповолни временски услови. Skylens уредот, кој е всушност дел од фамилијата на EFVS системите, му овозможува на пилотот виртуален визуелен преглед на пистата, теренот и хоризонтот кој се наоѓа пред него, сето тоа пропратено со соодветно потребните податоци. Разликата е во тоа што овој уред во вид на очила ги прикажува сите податоци на транспарентен дисплеј, пред очите на пилотот, без потреба за потрага на соодветните информации по инструментите во пилотската кабина.

Проектот на компанијата Elbit, кој воедно беше подржан од министерството за одбрана на САД, сега се наоѓа во фаза на евалуација и сертифицирање од страна на соодветните надзорни органи, а неговата употреба ќе почека најверојатно до 2016 година.

Elbit-Systems-Skylens

Извор: Gizmag, Engadget

 

Претходна статијаПретставен официјален File Manager за Windows Phone 8.1
Следна статијаConnected Data Transporter: Добра алтернатива на cloud складирање