Група на швајцарски научници тврдат дека откриле процес кој што може да ја зачува летната топлина, која потоа на многу едноставен и лесен начин може да се искористи во зима. Исто така зачуваната енергија може физички да се пренесе до секое место на кое ни е потребна. Едноставниот и лесниот начин на користење е многу важен дел од целиот процес, затоа што тешко може да се убедат луѓето да ги сменат своите навики доколку греењето на гас им е достапно само со притискање на едно копче.

Целта на овој проект е да се намали користењето на фосилни горива за греење преку зимскиот период. Оваа иновација креирана од страна на научниците коишто работат во EMPA лабараториите во Швајцарија функционира користејќи концентриран содиум хидроксид (NaOH), преку кој се складираат количествата на топлина. Се користат и разни други компоненти коишто ја конвертираат и ослободуваат топлинската енергија секогаш кога е потребно.

Научниците го користат фактот што кога се истура вода на сув содиум хидроксид се појавува егзотермна реакција, каде што хемиската енергија којашто се содржи во NaOH се ослободува во вид на топлина. На овој начин, огромни количини на топлина може да се бидат ослободени од содиум хидроксидот само преку едноставно додавање на вода. Од друга страна, голема предност е тоа што топлината која што е „заробена“ може да се чува месеци, па дури и години се додека NaOH повторно не дојде во контакт со вода.

Овој проект е се’ уште во фаза на прототип, но EMPA лабараториите бараат комерцијален партнер којшто ќе им помогне во создавање компактна верзија на системот за негова употреба во домаќинствата.

Извор: NewAtlas, WonderfulEngineering

Претходна статијаGoogle го гаси стариот Google+ и додава три нови функции
Следна статијаЗелената енергија ќе стане најевтина и најефикасна