SAMSUNG CSC

За смартфонот од Samsung, иако оваа година не се единствените кои најавуваат развој на ваков уред, кој треба да има екран кој се преклопува можеме да прочитаме се повеќе. Директорот на компанијата дури најави дека тие се’ уште планираат да бидат првата компанија која ќе излезе на пазарот со ваков уред, а сега имаме и најава дека првите информации, а можеби претставување на телефонот ќе се случи овој ноември на настан од Samsung.

Оваа информација доаѓа директно од директорот на компанијата кој во разговор со CNBC најави дека овој уред е во изработка и може да биде претставен во ноември. Исто така, тој истакнал дека технологија која е потребна за развој на еден ваков уред, односно целиот процес се комплицирани, но од Samsung скоро го имаат завршено.

Продажбата на овој уред, дури и да биде претставен оваа година, не се очекува да почне веднаш, па тоа останува за идната година. Сепак, би било добро да конечно добиеме нешто повеќе информации за овој уред, како и за степенот на развој на потребната технологија.

Директорот на компанијата исто така истакнал дека тие сакаат корисниците кога ќе го користат уредот во формат на таблет, да можат да забележат разлика од користење на обичен таблет компјутер, односно да можат лесно да сфатат зошто Samsung го има направено ваков уредот.

Работите може да се каже дека наеднаш стана поинтересни. Претставувањето на уреди со екрани кои може да се превиткаат треба да ја претстават наредната револуција на пазарот на смартфони. Јас би повторил. Само замислете. Го користите вашиот смартфон како и секогаш, но сега имате во него и цел таблет компјутер кој само треба да го „отворите“ и да гледате видео содржина, да играте игри, да читате книги на поголем екран.

Samsung is set to unveil a foldable smartphone this year from CNBC.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМеѓународен бизнис самит во Скопје
Следна статијаКолку карактерот влијае врз платата?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.