29D9754700000578-3133979-image-a-70_1434940563337
Samsung SafetyTruck

Многу од возачите се нервираат кога треба да претекнат камион на пат со две коловозни ленти бидејќи од него не можат да видат дали има коли пред него и дали е безбедно да почнат со маневарот. Не само што многу луѓе се нервираат поради ова туку многу луѓе и гинат во вакви ситуации.

За да помогне да се намали овој проблем и да се спасат човечки животи од Samsung го претставија својот нов концепт на технологија за камиони кој треба да овозможи поголема безбедност при нивно претекнување. Се работи за спој помеѓу безжична камера поставена на предниот дел на камионот и сет од 4 екрани поставени на неговата заднина кои ја пренесуваат сликата од камерата.

Овој концепт не е нов и не е на Samsung – уште во 2009 година руската компанија Арт Лебедев претстави многу сличен концепт. Проблемот кој го гледаме во изведбата е дека камерата е поставена на камионот во долниот лев ќош што ефективно го намалува опсегот кој го гледа и кој го пренесува на екраните позади. Веројатно подобро решение би било да се постави камерата во горниот лев ќош, така покривајќи поголемо видно поле (со мала промена на перспективата, за жал).

Ваквата опрема не е евтина – проценката е дека екраните кои ги произведува Samsung за да се сместат позади на камионот чинат и до неколку стотици до илјада долари што воопшто не е мала цена и секако непристапна за повеќето камионски транспортери.

Сепак, веруваме дека Samsung и другите компании кои произведуваат екрани и камери ќе ја намалат цената до прифатлива како би можел овој концепт за подобрување на безбедноста на патиштата да се прошири што повеќе и да се намалат несреќните случаи при претекнување на камиони. Во секој случај одлична идеја и едно браво за Samsung.

Извор: The Verge, Business Insider

Претходна статијаApple развива нов материјал кој ги сокрива линиите од антената на iPhone
Следна статијаMicrosoft објасни на кого ќе му следува бесплатна верзија од Windows 10