[showcase id=”3433″]

 

Научната фантастика се повеќе станува дел од нашиот секојдневен живот, и интересни концепти кои порано постоеја само на филмови сега стануваат секојдневни производи.

Една идеја која одамна постои само на филмовите е идејата за флексибилни рачни компјутери кои едноставно можеме да ги свиткаме како парче хартија и да ги ставиме во џеб.

Дали можеби оваа реалност ни се ближи? Доколку се погледа најновиот патент од Samsung, би рекле да. Тие на ден пред Нова Година патентираа замисла за уред кој кога е отворен личи на таблет, но може да се превитка на пола.

Ова не е нешто шокантно за оние кои ја следат технологијата бидејќи Samsung веќе со години се фалат дека работат на ваква технологија, а од неодамна изјавија дека најверојатно и ќе почнат да продаваат ваков производ до крајот на 2014-та.

Од патентот може да се види дека се работи за уред што едноставно се превиткува на пола и така таблетот е заштитен и зафаќа помалку простор кога е затворен. Ова, иако е интересно, не е ни приближно така интересно како многу повозбудливите идеи кои ги имаме гледано по филмовите, па дури и во самите промотивни видеа на Samsung.

Една од можните намени на ваква технологија може да погледнете во наредното видео, каде што таблет компјутерот со превиткување се претвора во мобилен телефон.

http://www.youtube.com/watch?v=g3x-bAWZWPM

Претходна статијаJUMP – полнач за мобилни за во вашиот џеб
Следна статијаTao WellShell – Нов тип на фитнес помагало