Иако смартфоните се прават со се помали рамки околу екранот, тие сепак остануваат присутни на горниот и долниот дел од уредот. Главната причина за ова е потреба да некаде се сместат сензорите од телефонот, како и камерата, па мора да има мала рамка, барем на горниот дел.

iPhone X и Essential Phone се два примери како може да се реши потребата за сместување на сензорите, а сепак да не се постават рамки на горниот и долниот дел. За жал и во двата случаеви тоа значеше оставање на мал исечок од екранот на којшто се поставуваат сензорите. Тоа прави да иако нема горна рамка, сепак тој дел од екранот да е скоро неискористен.

Патент кој го има поднесено Samsung покажува нов пристап за решавање на овој проблем. Тие замислуваат уред којшто наместо цел исечок за сензорите, има посебни и мали дупки во екранот каде што би биле сместени сензорите и камерата.

Иако тоа значи дека сепак дел од екранот повторно нема да може да се користи за прикажување на пикселите, тој дел ќе биде значително помал.

Патентот покажува и софтверско решение за тоа како може одредени работи што се прикажуваат на екранот да се прилагодат на дупките со цел да не бидат сокриени.

Изгледа сепак треба да се прифати фактот дека со моменталниот развој на технологијата, уред целосно изработен од екран, без никакви негови прекини, не е можно, па ќе мора да се помириме со вакви решенија.

Извор: BGR, PCMag, ExtremeTech

Претходна статијаFacebook треба да плаќа за содржините кои се дистрибуираат?
Следна статијаHacker Rank: Децата од 80тите почнувале со програмирање многу порано од денес
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.