Сеул, Кореја, 26 Февруари, 2019 година – Компанијата Самсунг (Samsung Electronics Co., Ltd) го отвори овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија (Mobile World Congress – MWC) поместувајќи граници и придвижувајќи го 5Г моментумот напред, преку нови соработки и иновации за потрошувачите и претприемачите. Од дебитирањето на новата генерација мобилни искуства со Галакси С10 5Г (Galaxy S10 5G), до збогатување на својата визија за глобално искуство со конекцијата, Самсунг започнува нова ера на поврзано живеење.

На овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија, компанијата Самсунг ќе покаже како, преку иновација, отворено и постапно го води патот до 5Г конекцијата и го менува начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат. За прв пат, Самсунг ќе го прикаже пред посетителите новиот Галакси С10 5Г мобилен уред, дизајниран со најдобриот хардвер и софтвер кој овозможува искусување на придобивките од 5Г конекцијата на најдобар можен начин. Исто така, ќе биде прикажан и широк асортиман опрема која го овозможува лансирањето на 5Г технологијата во големи размери. Дел од оваа опрема се новите генерации на мулти – режимски модемски чипови и модули за радио фреквенции кои се помали по големина, енергетски поефикасни и со најсовремена технологија – приказ на лидерството на Самсунг во областа на иновациите во мобилните уреди и екраните и пошироко. Компанијата Самсунг, исто така, ќе објави нови партнерства со оператори и добавувачи, овозможувајќи поддршка за сите на патот кон 5Г технологијата.

Веруваме во создавање иновации кои влијаат на животот на потрошувачите. Повеќе од 35 години Самсунг ја води индустријата кон нови хардверски решенија и сервиси, овозможувајќи револуционерно потрошувачкото искуство. На Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија оваа година, го прикажуваме извонредниот опсег на нашиот проширен поврзан екосистем од финални иновативни 5Г решенија, сѐ до нови извонредни збогатувања на Галакси семејството, како Галакси Фолд (Galaxy Fold) и Галакси С10 5Г (Galaxy S10 5G)“. – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилни комуникации во компанијата Самсунг.

Пионерство во новата деценија со нови мобилни уреди

Изминатава деценија, Самсунг го предводеше истражувањето и развојот на 5Г конекцијата, а плод на трудот кој го вложи компанијата е трансформацијата на 5Г конекцијата од амбициозен теориски концепт во реалност. Компанијата ја испорача првата гигабит 5Г трансмисија, првиот пренос на 5Г помеѓу повеќе ќелии, а сега го претстави и првиот 5Г мобилен уред – Галакси С10 5Г.

Галакси С10 5Г овозможува неверојатна моќ, брзина и поврзаност директно во рацете на потрошувачите преку комбинација од супер моќни функции достапни како дел од Галакси С серијата уреди. Со 5Г поврзување, Галакси С10 5Г може да пристапи до 20 пати поголеми мрежни брзини за разлика од 4Г мрежите, овозможувајќи зголемено мобилно искуство со придобивки при моќно споделување на мрежа (hot-spotting), хипер-брз пренос, 4K видео повици и мобилни игри на повисоко ниво.

Покрај 5Г мобилните уреди, Самсунг продолжува да го проширува својот комплетен екосистем на уреди, од уреди за носење до таблети, обезбедувајќи нови возбудливи и моќни мобилни искуства. На овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија, Самсунг ќе ги претстави своите најнови иновации, беспрекорно обединети во рамки на реномираното Галакси семејство.

Иднината е откриена со Галакси Фолд: Корисниците може да го искусат првиот 7,3-инчен, динамичен АМОЛЕД Инфинити Флекс екран (AMOLED Infinity Flex Display) на Галакси Фолд. Како иновацијата која дефинира нова категорија, Галакси Фолд има извонреден дизајн и создава целосно ново корисничко искуство.

  • Одбележување на една деценија иновации со новата Галакси С серија мобилни уреди: Со четири уникатни премиум модели, вклучувајќи го и 5Г моделот, новите Галакси С10 уреди се дизајнирани со нови функции за екран, камера и перформанси на ново, повисоко ниво.
  • Подобрено портфолио од средна класа со новата Галакси А серија: Галакси A50 (Galaxy A50) и A30 овозможуваат иновации во клучните карактеристики со високи спецификации. Дизајнирани според начинот на кој се поврзуваме денес, новата серија на уреди создава голем број можности кои задоволуваат уште поширок спектар на потрошувачи во рамки на Галакси семејството.
  • Балансирано и поврзано живеење со новите Галакси уреди за носење: Самсунг го проширува својот Галакси екосистем со Часовникот Галакси Актив (Galaxy Watch Active) и безжичните слушалки Галакси Бадс (Galaxy Buds). Создадени за потрошувачи кои се фокусирани на своето здравје, овие уреди за носење внесуваат стил во здравиот начин на живот.
  • Разновидeн Галакси Таб С5е (Galaxy Tab S5e): Таблетот С5е е нов, супер тенок, лесен и елегантен Галакси таблет дизајниран со моќни функции за забава, “спакувани“ во стилски и достапен уред. Прв таблет кој е поддржан со платформата Бигзби.
  • Демонстрирање на реалните светски 5Г сценарија овозможени од комерцијалните решенија на Самсунг

Подобрувајќи го докажното комерцијално 5Г лидерство, Самсунг ќе претстави неколку демонстрации во живо за да прикаже реални 5Г искуства:

  • 5Г Новa Радио демонстрација во живо со Самсунг мрежа и паметен телефон, со користење на опсег од 3.5 гигахерци и 28 гигахерци: Во живо ќе биде презентирана мобилна “клауд“ игра на првиот 5Г паметен телефон на компанијата, преку поврзување со “Live“ 5Г мрежни решенија на Самсунг. Покрај тоа, ќе бидат демонстрирани и 5Г Мулти – корисничка технологија со повеќе влезови и излези (5G Multi-user MIMO).

Прво 5Г емитување во живо на овогодинешниот Светски Конгрес за Мобилна Технологија: Прво емитување во живо на “Мобилна Светска Телевизија во Живо” на ГСМ Асоцијацијата, со користење на Самсунг 5Г мрежни решенија во Емитувачкото Село (орг. “Broadcast Village“, дел од Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија), Гран Виа. Оваа Мобилна светска ТВ ќе се прикажува во живо низ целата локација на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија, како и во 280 хотели во Барселона во времетраење на истиот.

Демонстрација во живо на 5Г технологија за индустријата: Самсунг, Циско (Cisco) и Оринџ Спеин (Orange Spain) ќе демонстрираат разновидни случаи на користење на 5Г за да покажат колку ниска латентност и голема брзина на 5Г технологија може да се применат во индустријата. Демонстрациите ќе се одржат во рамки на “Оринџ“ штандот (Хала 3 3К10).

Автоматски 5Г мрежни решенија на Самсунг и Жилабс (Zhilabs): Самсунг ќе ги демонстрира во живо 5Г решенијата базирани на Вештачка Интелигенција за управување со мрежата со Жилабс – решенија кои компанијата Самсунг ги доби преку аквизација во октомври 2018 година. Ова им помага на операторите автоматски да оптимизираат 5Г мрежни перформанси.

Нова генерација на 5Г чипсети

Дополнително, Самсунг ќе ги прикаже своите нови чипсети со 5Г радио фреквенција од новата генерација, кои поддржуваат 28 и 39 гигахерци. Користејќи ги овие нови чипсети за радио фреквенции, базните 5Г станици на Самсунг ќе бидат приближно 25% помали, полесни и ќе трошат помалку енергија во споредба со претходните.

5Г базните станици користат речиси илјада антени и неколку радиофреквентни интегрирани кола (RFIC) за да го користат “mmWave“ спектарот. Со овој чипсет од новата генерација, Самсунг помага во подобрување на перформансите на мрежните уреди преку намалени нивоа на бучава и подобрување на линеарните карактеристики на засилувачот на моќност на радио фреквенции.

Ја комбиниравме нашата експертиза за да бидеме еден од првите иноватори во 5Г комерцијалните услуги – над и под 6 гигахерци опсег до денес. Ова водство доведе Самсунг да достигне над 36.000 доставени 5Г базни станици, заклучно февруари 2019 година. Како единствена компанија во светот која создава и овозможува финални 5Г решенија во САД и Кореја, Самсунг ќе продолжи да ги унапредува иновативните обиди и да ги поместува границите во 5Г технологијата.” – изјави Пол Кјунгвун Чун (Paul Kyungwhoon Cheun), Извршен Потпретседател и Раководител на Секторот за Мрежниот Бизнис во Самсунг Електроникс.

Портфолиото на чипови на Самсунг го вклучува модемот “Exynos Modem 5100“, во целосна согласност со “3ГПП 5Г НР“ стандардот за поддршка на нови спектри, вклучително и под и над 6 гигахерци за побрзи брзини за трансфер на податоци до 6 гигабити во секунда. Иновативните способности и технолошките откритија на Самсунг се целосно демонстрирани преку големиот опсег на 5Г производи.

Посетете го Самсунг на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија – MWC19

За од прва рака да ги искусат и да ги погледнат во живо демонстрациите на 5Г решенијата на Самсунг, присутните можат да го посетат официјалниот штанд на Самсунг кој се наоѓа во сала 3, како  и штандот за мрежи на Самсунг во сала 2 – 2М20 (само со покана).

Претходна статијаДали Facebook/Google се монополи? (3/3)
Следна статијаMicrosoft ја претстави наредната генерација од Kinect сега специјално наменета за бизнисите