SAMSUNG CSC

Samsung Display, делот од компанијата кој работи специјално на развој на екрани, оваа недела објави дека има развиено екран којшто тие го нарекуваат нескршлив. За овој екран од компанијата имаат добиено и сертификат кој го издава Underwriters Laboratories за потребите на американското министерство за труд.

Овој екран од Samsung е направен така да наместо класично стакло, се користи пластичен дел којшто му дава помала тежина на панелот, но и поголема флексибилност. Она што е посебно кај овој панел е тоа што и покрај не користењето на стакло, тој е направен да биде издржлив, па затоа е наречен и нескршлив, а тоа го покажуваат и тестовите од Underwriters Laboratories.

За време на тестирањето на екранот, тој бил „фрлен“ 26 пати од висина од 1,2 метри, а во ниту еден од тие случаеви не бил оштетен, ниту имал проблем со продолжување на работата. Тестот исто така е направен на различни температури од -32 до 71 степен целзиусов, а екранот без проблеми продолжил да работи.

Овој тест е според стандардите на американската војска, а од компанијата го имаат пуштено екранот и од дополнителни 1,8 метри, по што тој исто така не бил оштетен.

Главната намена на овој панел ќе биде во мобилните телефони, кои се’ уште чекаме да станат пофлексибилни, но исто така ќе најде примена и во автомобилите, играчките конзоли, воени уреди и слично.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаБогатото наследство на „Мрачниот витез“
Следна статијаYouTube работи побавно доколку не го користите Google Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.