ryno-motorcycle

Потребна е голема доза на ентузијазам и имагинација за да се направи електричен мотор на едно тркало кој е безбеден за управување. Токму тоа успеаја да го направат инженерите од “Ryno Motors”. Неодамна тие го претставија иновативниот мотор кој има 25 инчно тркало и може да достигне брзина 15 км/ч. Имено, тој поседува жироскопкси сензори и акцелерометри кој се користат за мерење и одржување на орентација, се со цел самиот да се балансира. Сето ова, во комбинација со стратешки распределената тежина и интуитивните методи за забрзување и кочење, прават да овој мотор од иднината биде всушност доволно безбеден за управување.

Извршниот директор на компанијата Крис Хофман вели дека инспирацијата за овој иновативен производ доаѓа од неговата 13 годишна ќерка, која всушност ја нацртала скицата за него. Таа ваквиот мотор случајно го забележала во некоја видео игра, па го замолила Крис да и направи ист. Тој го прифаќа предизвикот и за неколку години истиот станува успешна приказна.

ryno-motorcycle2

За изработка на овој мотор компанијата користи материјали и компоненти кои се релативно евтини. Па така, инструментната табла,  задните светла и уште неколку составни делови се направени со помош на 3Д принтер. Капаците за тркалото се направени од компатија која е специјализирана за правење тенџериња и тави. Останатите делови во главно се купени од компании кои се занимаваат со производство на делови за мотори.

“Ryno” моторот се напојува со литиум-јонски батерии со чиј капацитет може да се поминат 15 километри со едно полнење, но позитивна страна е што истите лесно можат да се заменат со резервни батерии. Полнењето на батериите е стандардно и трае околу 6 часа.

Само-балансирачките вештини на “Ryno” се карактеризираат како импресивни и чудесни. Дури и при употреба на голема сила сензорите не дозволуваат да моторот се навали нанапред или наназад. Секако останува можноста за тој да се навали настрана, но во тој случај со помош на нозете истиот може да се стабилизира.

Првите критики се во главно позитивни, па дури “Ryno” се карактеризира како полесен за управување за разлика од конвенционалните мотори и скутери. Цената за “Ryno” изнесува околу 5000 $, но се очекува истата да се намали доколку моторот почне да се произведува масовно.

Претходна статијаDell го претстави Wyse Cloud Connect
Следна статија’’Паметни’’ контактни леќи за дијабетичари од Google