56c2c83ac36188482a8b45eb

Како што имам напоменато и претходно, русите се прилично криптични кога се работи за технологија и напредок. Имено, не се фалат и перчат со своите напредоци и изуми, но кога треба ги воведуваат на лице место и ја решаваат работата. Веројатно ова беше причината зошто Обама го смени мислењето за Русија – од регионална сила во втора најмоќна армија на светот – по започнувањето на нивната операција во Сирија.

Истото важи и во светот на роботиката. Нивниот најнов изум е човековиден робот кој е наменет за извршување на вселенски операции. Секако, има и име – „Фјодор“, а не се знае дали ќе зборува руски.

Роботот не е независен и е управуван од човечки оператор. Операторот има специјално одело кое ги следи неговите движења и потоа ги повторува кај роботот. Движењата кои се следат засега се ограничени на горниот дел од телото – рацете, вратот и торзото.

Идејата е роботот да се придружи на руската орбитална станица и да се користи во некои операции кои се опасни по луѓето. Ова би вклучувало излегување надвор за поправки, дејствувања во услови на пожар, вакуум и слично.

Во полунезависна варијанта „Фјодор“ исто така возеше и мотор како најголем фраер, а успешно погоди цели со пиштол.

Инаку, неколку руски компании се ангажирани околу воена и вселенска роботска технологија. Ние веќе пишувавме за киборшки егзоскелет управуван со умот кој ќе им овозможи на руските војници суперсили, поголема заштита и поголема оперативност без да се оптоваруваат со команди.

Новите верзии на ваквите егзоскелети имаат екран со надградена реалност кој ќе ја прикажува состојбата на роботот, неговата позиција во просторот преку ГЛОНАСС, видео од камера на беспилотни летала за да се откријат непријателите, па дури и видео од камерата на пушката за да можат да пукаат без да излегуваат од заштита.

56c2c7c1c36188472a8b45d0
Руски воен егзоскелет

Други типови на воени роботи се преку платформата МРК (Мобилен роботски комплекс) која овозможува роботизирање на секакви воени уреди, на пример, цели тенкови кои можат да пукаат под контрола на оператор и самостојно да се движат низ военото поле без страв од губење човечки животи.

Тоа што можеби е најинтересно е што роботите како „Фјодор“ изгледа како изваден од Терминатор. Мислевте дека тоа е „само научна фантастика“? Помислете пак.

Дополнителни информации: RT, RT 2, Popular Mechanics, Mashable

Претходна статијаRedstone надградбата на Windows 10 ќе биде достапна од јуни
Следна статијаСо „Наша Македонија“ да ги откриеме тајните и убавините на нашата земја