-1x-1

Во Германија се случуваат чудни промени. Ангела Меркел сака да прима стотици илјади сириски избеглици иако 80% од нив се мажи, а меѓу тие има многу криптотерористи кои тајно ќе припремаат напади како во Парис деновиве. Во исто време, нејзината популација е наречена „супер-остарена“ бидејќи цела петтина е од луѓе со над 65 години, бројка која ќе се зголемува. Од трета страна, Германија е една од земјите каде роботиката се развива со најголема брзина.

Тоа значи дека наскоро ќе имаме роботи кои работејќи можеби ќе удираат сиромашни екс-сиријци кои пак ќе работат на лента за старите германци. За да не ги удираат премногу јако, германскиот научник Пастор Штефан Бернштајн деновиве изведува интересен експеримент – удира луѓе со тешки предмети.

Неговата идеја е да тестира различни тежини и брзини на удар, а „примателите“ на ударот (кои се всушност случајни лица пријавени за експериментот) пријавуваат колку силен бил ударот и колку ги боли, на скала од 1 до 10. Кога ќе стигнат до 5 Бернштајн го прекинува експериментот.

Пред да ги удри учесниците имаат слушалки на ушите и превез преку очите за да не можат да осетат кога ќе дојде топузот – кој глуми роботска рака веројатно – да ги удри. Идејата е да се измери штетата од можни идни чести физички контакти меѓу роботи и луѓе на исто работно место и како да се минимизираат штетите.

Мерењата потоа ќе ги собере и презентира во научна студија која ќе послужи за компаниите и поединците кои се занимаваат со роботика да вградат безбедносни системи за да се заштитат луѓето и околината.

Се’ повеќе луѓе почнуваат да умираат од роботи на работното место, а уште не се ни самосвесни. Можеме само да замислиме што ќе се случува кога ќе почнат да ја преиспитуваат робовската филозофија всадена од нивните творци во следните неколку декади. Или пак, веќе почнале со револуцијата (на доста смотан начин)?

Извор: Bloomberg, Endgadget

Претходна статијаНесреќни сте и имате проблеми со концентрација? Баталете го Facebook
Следна статијаМАКПЕТРОЛ: Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници