cdgairport

Повторно и повторно, технологијата и особено роботиката покажува како може да ги замени човековите работници со оние кои никогаш не се изморуваат, секогаш се спремни за работа и да се потчинат на командите на надредениот (барем засега)…

На овомесечниот Paris Air Show беа прикажани најновиот модел на роботи кои ќе имаат намена да бидат проверувачи на пасоши и да бидат имиграциони офицери, заменувајќи ги луѓето кои досега го правеа тоа. Тие се производ на компанијата Thales која веќе повеќе од 2 децении се занимава со биометриска идентификација за пасоши и други документи.

Идејата е патниците да дојдат до роботот и да го дадат пасошот. Роботот биометриски ќе ги сними (лицето + зеницата), а овие информации во кодирана форма ќе ги вметне во картата за лет и ќе ја сподели со другите роботи и системи на аеродромот. Како што патникот патува низ аеродромот разните системи ќе го препознаваат и ќе му дозволуваат пристап – а на тој кој нема пристап веројатно ќе пуштат аларм за да биде спроведен до каде што треба, или уапсен.

Да провериме какви „иновации“ воведуваат ваквите роботи за „безбедноста“ на аеродромите: Орвеолска суперконтрола? Проверено. Исфрлање од работа на човечки работници? Исто така. Чувство кај патниците дека еден робот е супериорен и ги доминира? Бесценето. Се поставува прашањето само дали воопшто ќе бидат потребни пасоши во тој случај.

Сепак, напредокот на технологијата не може да се сопре. Тоа што може да го направиме е да се насочува доволно големо внимание на етичките димензии на роботиката и вештачката интелигенција, и таа да служи во подобрување на способностите на луѓето, а не само сама од себе. Затоа што никогаш не знаеме кога некоја машинска суперинтелигенција ќе и` текне да ги хакне сите системи за спроведување луѓе, роботи за борба со толпи, автономни убиствени машини и така натаму и да ги употреби за да не` спушти на колена и можеби уништи како спам.

Извор: PopSci, The Local.fr

Претходна статијаOCuLink овозможува ставање надворешна графичка карта на лаптоп
Следна статија6th Sense – систем за поголема безбедност во автомобилот од Jaguar