colorsOfPuzzlephone

Веќе слободно може да се каже трендот на ваков вид на уреди беше започнат од страна на Project Ara, проект на Motorola кој што остана во сопственост на Google по продажбата на оваа компанија на Lenovo. Се работи за уреди кои што овозможуваат промена на нивните компоненти, како што се процесорот, меморијата, батеријата и слично, преку нивно поставување на надворешната страна од уредот во форма на модули. Тие лесно се вадат, а замислата е посебно да се продаваат од страна на Google, но и други компании со што ќе се овозможи еден уред да има многу поголем век на траење, наместо денеска просечниот од 2 години.

Овој концепт треба повеќе да видиме како ќе изгледа практично од идната година за кога се најавени продажбите од повеќето производители кои што изработуваат вакви уреди. Во денешно време уредите се направени да корисниците ги менуваат што почесто. Тоа се гледа и од се помалиот период кој што се остава пред претставувањето на нови модели, кои што веќе не можат ни да бидат отворени за да можеме да им ја смениме барем батеријата.

Уште една компанија која што е дел од овој нов и интересен концепт е финската компанија Circular Devices. Пред некоја недела исто така можевме да прочитаме за уште една финска компанија која што работи на модуларниот уред Vsenn.

Уредот од Circular Devices е наречен PuzzlePhone и е поблизок до концептот со Vsenn отколку со Project Ara. Иако во основа со истиот концепт на менување на модули, уредите од финските производители овозможуваат промена на само 3 модули за разлика од многу помодуларниот Ara.

PuzzlePhone е направен да изгледа скоро исто како денешните паметни телефони, па од компанијата очекуваат полесно да биде прифатен од страна на корисниците кои што не се веднаш спремни да користат уред со целосно различен дизајн.

family

Трите модули од кој што е составен PuzzlePhone се неговиот екран на кој што се поставени и стерео звучници и копчињата за звук, главниот модул (мозок) во кој што се главните елементи за работа на уредот и батеријата.

Како и другите вакви уреди и PuzzlePhone ќе работи на Android или некоја променета верзија од овој отворен оперативен систем. Претставувањето на уредот за корисниците се очекува да биде некаде до идното лето, а цената треба да го стави во средната класа на уреди.

Претходна статијаDropbox апликациите ја добија најавената Microsoft Office интеграција
Следна статија„Помалку Гугл, молам.“ – ЕУ, 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.