T-mobile-4g

Закуп на фреквенции за користење на 4-тата генерација на безжичен пренос на податоци направија трите мобилни оператори во Македонија, односно T-Mobile, VIP и ONE. Истите можат да ги користат почнувајќи од овој месец.

Иако објаснувањето за тоа која технологија на која генерација и припаѓа е малку посложено, сепак ќе го користиме терминот масовно користен и во светот. Значи кога ќе се каже 4-та генерација на технологија, се мисли на 4G, односно на најраспространетата технологија дел од 4G, LTE. Со LTE возможни се многу поголеми брзини од досегашните 3G брзини, а со тоа ќе се зголеми примената на технологијата.

Први кои ја пуштија својата LTE мрежа, како и што се очекуваше се T-Mobile. Истата на почеток е достапна само во одредени делови на Скопје, односно во Центар, Карпош, Аеродром, К.Вода, како и во Маврово. За да можете да се поврзете на LTE потребно е да имате уред (мобилен телефон или таблет) кои што го имаат потребниот софтвер и хардвер, што значи голем дел од вас ќе мора да почекаат додека купат нов телефон за да може да користат LTE.

Листата на уреди кои имаат LTE поддршка можете да ја погледнете на следниот линк (листата е за мобилни достапни во T-Mobile). Имајте на ум дека вашиот модел на телефон, иако е наведен на листата од T-Mobile, може да има потреба од софверска надградба, или иако рекламиран како LTE способен, да не ја поседува таа можност поради различните варијанти на еден модел за различни пазари. Таков беше случајот со HTC Windows Phone 8X, кој го имаме во Smartportal, па не успеавме да се поврземе на LTE мрежата. После кратко истражување на интернет, заклучивме дека го поседуваме моделот кој што не доаѓа со потребниот хардвер, па со тој уред нема да можеме да користиме LTE.

Исто така доколку имате SIM картичка земена пред 2009, ќе треба да ја замените со нова за да може да користите LTE.

Доколку сепак поседувате уред кои има LTE поддршка, поврзувањето е едноставно и не бара од вас дополнителни прилагодувања. Начинот на кој што до сега се имате поврзувано на 3G е и начинот за поврзување на LTE. Доколку се наоѓате во зона со покриеност со LTE мрежа, уредот автоматски ќе се поврзе на истата. Се што треба е да проверите во прилагодувањата на вашиот уред, дали е вклучена LTE комуникацијата. Сообраќајот што ќе го направите сурфајќи на LTE, ќе биде истиот што до сега сте го користеле за 3G, што значи доколку користите 3G пакет или имате вклучено одреден сообраќај во вашата месечна претплата, истиот ќе го користите и за LTE, а разликата е во брзината на пристап.

Во продолжение можете да го погледнете Speedtest.net резултатот што го направивме од К. Вода, преку iPad 4. Јачината на сигналот беше под 50%.

speedtest-result

Претходна статијаАмазон најави испорака на пратки со беспилотни летала
Следна статијаJolla достапен во продажба, доаѓа со нов Sailfish OS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.