1274122983218405005

Project Tango, односно идејата на Google за виртуелна реалност и виртуелно изменета реалност, а дело на одделот Advanced Technology and Projects – ATAP, е се’ уште во развој, сега заедно со најголемиот производител за чипови кај смартфоните, Qualcomm.

Да потсетиме, Project Tango може да направи точна 3D мапа на околината и притоа да ги искористи податоците за креирање на изменета реалност, слично како можностите на Microsoft HoloLens. Убавината на решението на Google е што има големина скоро како стандардна камера која може да се вгради во мал смартфон, односно е технологија која наскоро ќе можат да ја употребуваат производителите во своите нови Android модели.

Новиот модел на Project Tango има една камера плус во однос на претходниот прототип, која самата може да ја мери длабочината на просторот, без потреба од уште една камера. Вака, драматично се намалува целосната големина на модулот и тој ќе може да се вгради во многу помали уреди, за разлика од претходниот, кој беше вграден на голем таблет.

Инаку, самиот паметен телефон, кој се користи за покажување на можностите на Project Tango, има супер остар екран со големина од 6,1 инчи и резолуција од 2560х1440 пиксели и моментално најмоќниот процесор на Qualcomm, Snapdragon 810.

Според тоа како работи, Project Tango ќе може да се користи во неколку различни апликации, како на пример дизајн на ентериери, бидејќи може да направи целосна детална мапа на просторот, но и за многу иновативни игри и апликации, кои можат да работат заедно со просторот околу нив.

И покрај тоа што е во поодмината фаза на развој, Project Tango е се уште далеку од производство, но и доколку дојде до тоа, Google не планира свој производ, туку планира да го продава самиот модул на производителите на паметни телефони.

Извор: Neowin, Gizmodo, Engadget

Претходна статијаLenovo Magic View – Паметен часовник со втор приватен екран
Следна статијаGoogle Project Soli – Контрола на било кој уред со помош на радар