AP_315327565093

Со легализацијата на марихуаната во некои држави во САД полицијата таму одеднаш мораше да се „раззелени“ и да престане да ги гони нејзините корисници кои довчера беа прикажувани на вестите како криминалци. Сега полицијата е на пат уште повеќе да „позелени“, но на поеколошки начин.

Имено, полицијата на Лос Анџелес сака да земе на тестирање возила од Tesla Motors и од BMW, за да видат како ќе се однесуваат во однос на потребите на службениците. Тие сакаат да изнајмат дури 160 вакви возила, што би било веројатно една од најголемите единечни нарачки упатена кон Tesla.

Причината за ова е за претворање на Лос Анџелес во „… најодржливиот град во САД“, според неговиот градоначалник Ерик Гарсети. Од Tesla тие сакаат да го изнајмат Model S P85D, а од BMW – i3. i3 е градска кола која има просечни перформанси, а Model S е најбрзиот седан на светот. На полицијата и` требаат двата типа на возила – i3 веројатно за крстарење низ градот, а Model S за бркање (и стигнување) на криминалци.

Според блогот на Лос Анџелес, користењето на електричните возила ќе заштедува по 0,1 долар на километар возење во однос на стандардните возила, што ќе придонесе за зголемувањето на општата прифатливост на електричните возила и намалувањето на целосните трошоци со нивното купување (т.е. штедење и оптимизација на парите на даночните обврзници, супернапреден концепт кој се` уште не се пробил на Балканот).

Извор: Mashable, LAPD Blog

Претходна статијаHyperloop Technologies доби нов CEO
Следна статијаSamsung спрема телефон со екран на преклопување