На кој начин може да се регистрира подобрување на технологијата на автономните возила? Одделот за моторни возила во Калифорнија издаде извештај во кој се наведува дека намален е бројот на човечки реакции, односно превземање на контролата на нивните безпилотни автомобили. Овој извештај се базира врз тестирањата на јавните патишта во Golden State, и се однесува на сите компании кои тестираат свои продукти.

Сепак најголемото подобрување се забележува кај компанијата од Google, Waymo, каде што огромен е падот на човечките реакции при возењето. Покрај мерењето на човечките реакции, во предвид се зема и поминатата километража што е значително поголема од другите компании. Изразено во бројки тоа би изгледало вака: Во 2016 година поминати се над еден милион километри што е за 50% повеќе од километражата во  2015 година, додека пак реакциите се намалени од 341 во 2015 година на 124 во 2016 година. Бројките може да се претстават и на овој начин – 0,8 реакции на секои 1.600 километри во просек во 2015 година и 0,2 реакции во просек минатата година.

Според Дмитри Долгов, шеф на одделот за автономна технологија во Waymo, овој напредок се должи на подобрувањето на хардверот и софтверот истовремено. Исто така вели дека времето речиси целосно го посветуваат на комплексните урбани средини. Тука во голем процент во предвид се земени и пешаците и велосипедистите со цел да се намалат евентуални сообраќајни несреќи во кои тие би настрадале.

Проблемите во извештаите за компанијата Waymo се однесуваат на софтверски грешки, неправилни маневри и некои слични инциденти. Најдобро во целата ситуација е тоа што нема извештаи за сообраќајни несреќи.

Извор: The Verge

Претходна статијаEA спрема нови Star Wars: Battlefront, FIFA и NFS игри, како и нова акциона игра од BioWare
Следна статијаЏастин Лонг, познат по рекламите “Mac vs PC”, стана заштитно лице на Huawei