usb-cable

USB технологијата денеска е стандардна кај скоро сите преносни уреди, како што се мобилните, таблетите, MP3 уредите и слично. Предноста на оваа технологија е што истата овозможува пренос на податоци и пренос на електрична енергија, па потребата од 2 посебни приклучоци и со тоа кабли ја нема веќе одамна. Поради можноста за пренос на електрична енергија, доста од уредите ги полниме од лаптопот на пример, кога немаме подобар извор на електрична енергија, а исто така уредот се полни додека правиме пренос на одредени податоци. Меѓутоа полнењето на уредите преку лаптоп на пример е доста бавно во споредба со полнење директно од штекер. Тоа е поради ниската електрична енергија што ја поддржува стандардот.

Организацијата одговорна за развивање на USB стандардот претстави дополнување на постојниот стандард. Наречен USB Power Delivery, стандардот ќе поддржува до 10 пати повеќе електрична енергија, па полнењето на уредите ќе биде многу побрзо. Исто така преносот на електрична енергија ќе биде двонасочен, што ќе овозможи полнење на уредот преку USB портата, наместо само полнење на уреди преку таа порта. Конкретно тоа значи дека USB портата на лаптопот ќе може да се користи за негово полнење, наместо само за поврзување на уреди и полнење на истите. Друга карактеристика на стандардот е оптимизираниот и динамичен менаџмент на електричната енергија, или со други зборови кажано прилагодливост на електричната енергија што се користи. Тоа ќе овозможи уредот што е приклучен да користи онолку електрична енергија колку што му е потребно, наместо само максималниот излез. Стандардот ќе биде компатибилен со спецификациите на моменталниот USB стандард, па полнењето нема да предизвика расипување на уредите.

usb-pd-spec

Претходна статијаLG G Flex уште еден телефон со заоблен екран
Следна статијаViewSonic ја најави втората генерација на паметни дисплеи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.