TU Graz

Повеќе од 200 пешачки семафори во Виена се со вградено копче по чие притискање семафорите на тој премин се вклучуваат на црвено за автомобилите, па на зелено за пешаците. Сепак, како што истакнуваат од TU Graz Institute of Computer Graphics and Vision, кои се ангажирани од страна на локалните власти за изработка и имплементација на системот, по притискањето на копчето од страна на пешаците, доста долго се чека до промената на светлото.

Ова може да се каже дека е и причината поради која ваквите семафори никогаш не профункционираа во нашата земја, а имаше само еден тест кај старата локација на американската амбасада. Поточно, поради подолгото време на чекање, доста од пешаците во Виена се решаваат да поминат на црвено или да ја поминат улицата на друго место каде што не е означено, звучи познато, иако верувам дека не е до тој степен масовно како кај нас.

За да го решат овој проблем, TU Graz’s Institute of Computer Graphics and Vision во изминатите 3 години работеле на развој на систем којшто ќе работи на основа на мали камери поставени на семафорите за пешаците.

Овој систем ќе препознава точно дали пешакот којшто поминува има намера да помине, по што ќе иницира промена на светлата, а се истакнува дека тоа ќе го прави доста побрзо. Исто така, доколку има повеќе пешаци, зеленото светло за нив може да остане подолго време за да можат да поминат.

Уште една интересна работа ќе ја има системот. Тој ќе може да препознае ако пешак се премисли пред да биде променето светлото, по што промената ќе биде откажана и со тоа избегнато непотребно запирање на автомобилите.

За почеток ќе се постават вакви системи на одредени делови од Виена, а тие се планира да бидат функционални и спремни за тестирање до крајот на идната година. Доколку се покажат како што треба, најверојатно ќе бидат поставени на сите места каде што сега има копчиња за пешаците.

Се истакнува дека луѓето не треба да бидат загрижени за приватноста поради тоа што ништо нема да се чува на друго место освен на самата камера, а и таа снимка нема да може да се користи за препознавање на лицата.

ИЗВОРTU Graz
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЗапознајте се со Amplus – нова платформа за менаџирање на податоци
Следна статијаМладиот фудбалер Лука Јаневски со признание за најдобар голман во рамки на интернационалниот проект „Фудбал за пријателство“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.