2016-08-10-image-6[1]

На Apple неодамна му беа одобрени преку 80 најразлични патенти, од кои за јавноста најинтересен е оној за поврзување меѓу две колички, кои возат на гасеници. Секако, ова не значи дека автомобилот на Apple ќе вози на гасеници – патентот ќе го искористи шведскиот производител на воени возила BAE Systems, но е доволен показател дека американскиот гигант е сериозен за влез во светот на автомобилите.

Патентот инаку се однесува само на системот за поврзување, со помош на кој возачот ќе може да ги контролира двете кабини, а во него има вградено и систем за проток на топол воздух од едната во другата кабина, кој треба да ја заштити од ниските температури. Да, ништо интересно, се сложувам.

Она што е интересно е дека сите веќе се сложуваат дека Apple веќе има почнато со развојот на својот прв автомобил – дури и Елон Маск го спомна вработувањето на преку 1.000 инженери од светот на автомобилизмот во Apple. Моделот сигурно ќе биде електричен, сигурно ќе има еден тон технологија во него и според последните информации, ќе биде претставен во 2021 година.

battery

Нови информации велат и дека Apple работи со нова компанија за производство на батерии од Јужна Кореја наречена Orange Power, чиј дизајн ги надминува досегашните литиум-јонски кои се употребуваат кај актуелните електрични модели. Батериите на овој производител имаат многу подобро ладење поради отворот во средината, што ќе го анулира прегревањето при големо трошење на електрична енергија или при брзо полнење. Orange Power ветува и поголем капацитет за даден волумен, што треба да ја зголеми автономијата со едно полнење. Сепак, ова е само рана информација која не мора да значи дека е точна, а со сигурност и останатите производители работат на нови батериски технологии.

Автомобилот на Apple сигурно ќе се обиде да ги замрси сметките на Tesla, особено потпирајќи се на популарноста на брендот, но Tesla веќе стекна голем број на поклоници, особено кај екологистите и вљубениците во напредната технологија, па на Apple нема да му биде нималку лесно. На успехот на возилото особена тежина ќе даде и забрзаниот развој на електрични и возила со погон на водород на останатите големи производители во светот на автомобилизмот, кои нив ќе ги имаат подготвено далеку пред 2020 година.

Извор: Tech Spot, Business Insider, Yahoo

Претходна статијаGalaxy Note 7 ќе има верзија со 6GB RAM и 128GB простор за податоци
Следна статијаПрви детали за Surface Book 2 и Surface „се во едно“ компјутерот