На „паметните“ леќи на Google веќе им посветивме внимание, па доколку се’ уште не сте запознаени со нив, сега е вистинскиот момент да ја прочитате нашата прва статија. Накратко, се работи за леќи што се наменети за луѓето што боледуваат од дијабетес. Со нивна помош, дијабетичарите ќе можат едноставно да го мерат нивото на шеќер во нивниот организам.

Она што е ново и вредно за напомена е дека Google си обезбеди два патенти за оваа уникатна технологија. И покрај тоа што повеќе компании истовремено работат на проекти базирани на леќи и сензори, чии предности најмногу ќе се почувствуваат во медицината, се чини дека со патентите, Google добива на предност. Благодарение на нив, можеме конечно да видиме како поточно леќите ќе работат во „координација“ со очите.

Страничен преглед на леќата. Бројот 230 укажува на вградениот супстрат

Иако првично беше спомнато дека леќите ќе работат со помош на пар антени, патентите посочуваат на само една антена во која би биле вградени главните функции на леќата.

На следната слика можете да ја видите положбата нa леќите во поглед на окото (10), како и начинот на кој очните капаци (30 и 32) се затвораат.

За крај, треба да се напомене дека споменатиот супстрат воопшто нема да го попречува видот на окото; истиот е премногу близу до самото око, но и доволно оддалечен од центарот. Тоа значи дека окото не може воопшто да се фокусира на супстратот (кој може да биде направен и од провиден материјал).

Со ваквите леќи, Google дефинитивно работи на проект кој во иднина може да се покаже и тоа како корисен во медицината, но и во многу други сфери од (не)секојдневниот живот. Јасно е дека би се отвориле многу нови можности кои научниците ќе сакаат по секоја цена да ги искористат. Сепак, она што никој не знае е кога Google би се одлучиле за комерцијална промоција на овие леќи.

Претходна статијаLytro ја претстави Illum, својата втора камера
Следна статијаДостапна надградба на iOS 7.1.1, донесува подобрувања на TouchID сензорот