Замислете, во вашиот џеб држите машина која има посилна пресметувачка моќ од Аполо леталата. За жал, веројатно ја користите далеку повеќе за бркање покемони и пишување непотребни пораки, а помалку за подобрување на вашата продуктивност.

Сепак, тоа не мора да биде правило. Со оглед на тоа што денешната технологија овозможува да пристапите до материјал за учење и надградување на вашето знаење, што велите оној пат кога ќе чекате на шалтер да ставите слушалки и „тркнете“ до следното видео кое ќе ве потсети што беше тоа тригонометрија или аденозин трифосфат?

Токму така, денешната технологија е толку моќна што ви овозможува да се надградувате во секакви знаења практично бесплатно и на нивото на кое ви одговара. Затоа, овој текст ќе биде еден краток преглед на таквите платформи кои ви овозможуваат да станете суперпаметни.

Khan Academy

khan-academy-logo

Кановата Академија е класика меѓу онлајн платформите за учење и е една од оние кои го повлекоа бранот. Основана пред точно 10 години, Khan Academy прерасна во одличен ресурс за основни знаења. Тука имате вовед во математика, физика, астрономија, економија, енкрипција и приватна комуникација и уште многу други области. Како ли се делеа дропки… Кан сè ќе ви објасни на интересен начин преку цртање на виртуелна табла.

Интересното е што Кан ја започна својата Академија на YouTube и до ден денешен таа остана таму, покрај дуплирањето на други платформи. Така, денес имате апликации за мобилен телефон кој ви овозможуваат да ги следите видеата и да учите со ваша брзина, а ако ве мрзи да инсталирате апликација – трк до Khan Academy на YouTube.

MIT OpenCourseware

Сигурно сте се прашувале како излегуваат толку паметни научници од Институтот за технологија од Масачусетс (MIT) и во што се разликуваат нивните предавања и лекции… Е па, сега можете да дознаете. И не само тоа, туку сите курсеви на додипломско и дипломско ниво ви се пристапни за следење.

Практично, истото што го предаваат професорите на Институтот . Сакате да дознаете како се пресметуваат патеки на ракети? Ве интересира етика на синтетичка интелигенција? Сакате најефикасно да ја обработите нивата? MIT OpenCourseware е за вас. Воедно, ако успеете да најдете стипендија можете да се појавите на MIT и да ги импресионирате професорите со вашето темелно знаење стекнато… од нив.

Coursera

coursera_logo

Ако веќе сакате да научите нешто и потоа да добиете сертификат дека сте го совладале курсот, Coursera е за вас. Coursera веќе постои некое време, но неговата вистинска моќ е што нуди бесплатни и платени курсови, при што можете да одберете кој ќе го посетите.

Најчесто платените се поквалитетни од бесплатните, но и вториве се доволно добри. Некои од нив овозможуваат стекнување со сертификат, особено оние кои доаѓаат од колеџи и факултети, сертификати кои можете да ги искористите за да докажете дека некој предмет или област сте ја совладале.

Одлично, нели?

Lynda

lynda_logo240px_x_600px

Ах, Lynda – миленичката на илјадници програмери, веб развивачи, фотошопери и останати ширум светот. Работата со Lynda е што квалитетот на курсевите е беспрекорен, но тоа нормално си доаѓа со цената – не постојат бесплатни курсеви.

Впрочем, целиот концепт се базира на фактот што вие си плаќате паушална вредност од 29, односно 25 долари месечно (во зависност дали ќе плаќате месец за месец или на годишно ниво) и потоа имате пристап до секој курс кој што постои на Lynda.

Кога ќе ви текне дека постојат бесплатни курсеви на истите работи по Интернетов можеби ќе бидете во искушение да помислите дека подобро е натаму да ви одат мислите, но имајте предвид дека покрај квалитетот, кај Lynda кога ќе платите ќе ви биде мака ако не следите курсеви бидејќи ќе ви пропаднат парите.

Lynda е одличен избор така што ако сте заинтересирани за суперквалитетни курсеви со соодветна цена, испробајте си ја среќата за еден месец или бесплатно за 10 дена.

edX

edx_logo_col_rgb_final

edX е платформа која носи бесплатни курсеви од еден куп универзитети од светот, особено од најзвучните имиња како Беркли, МИТ, Харвард, Мерилен, Квинсленд и така натаму. Слично како MIT OpenCourseware, и edX нуди пристап до напредни курсеви во скоро што и да ви текне, а дополнителен плус е што целата платформа е изградена со отворен код.

Архитектура, човекови права, право, уметност, хемија, компјутерски науки, дизајн… Впрочем, трк до нивната страна и поминете со стрелката врз ознаката „Courses“ горе лево. Факултетското знаење никогаш не било подостапно.

Други вредни да се споменат

Бидејќи ова е краток преглед, нема простор да ги обработиме сите во детали, но ќе ги вклучам тие кои сметам дека исто така се навистина квалитетни. Впрочем, скоро и да не постои разлика меѓу погореспоменатите (кои се попознати во јавноста) и следните кои ќе ги наведам.

Среќно учење и… ќе имаме испрашување во вторник. Спремете домашната за колку трла овци и крави имала Македонија во 1996-та година.

Претходна статијаLenovo Yoga Book е лаптоп со виртуелна тастатура и простор за пишување
Следна статијаAcer Predator 21 X е чудовиште од гејмерски лаптоп со 21 инчен заоблен дисплеј и две GTX 1080 графички