Претставувањето на Wi-Fi 6, односно официјално наречен Wi-Fi CERTIFIED 6™, може слободно да се каже дека е голема новост. Со напредокот на безжичните мрежи, а тука секако мислиме на 5G мобилната мрежа, како и масовното користење на оптичките мрежи за пристап до интернет дома, се чинеше дека Wi-Fi заостанува и ќе биде нарекувана како старата мрежа која се помалку ќе се користи.

Потребата од подобра Wi-Fi мрежа не доаѓа само поради застапеноста на оптичките мрежи и 5G, односно поголемата брзина со која корисниците можат да пристапуваат до интернет. Потребата доаѓа и поради тоа што се повеќе уреди се поврзуваат на интернет, па може да се каже дека домовите, како и бизнисите, се полни со уреди на кои им е потребен пристап.

Живееме во време на „Интернет на нештата“, па и самата 5G мрежа во голем дел новостите кои ги има се поврзани со потребите од оваа „состојба“.

Wi-Fi 6 како стандард ги донесува сите потребни карактеристики за да ја задржи оваа технологија во играта. Wi-Fi 6 доаѓа со 4 пати поголем капацитет од претходната генерација, односно овозможува поголеми брзини, помала латенција, можност за поврзување на значително поголем број на уреди во исто време и важно за уредите од интернет на нештата, можност за заштеда на енергија.

Овој стандард покрај тоа што ќе овозможи без проблем стриминг на 4К содржини во домот, па нема да мора веќе да се користи кабел за стабилно гледање содржина онлајн, ќе овозможи и многу подобра конекција за јавните мрежи, како што се аеродромите, кафулињата, работните околини и слично.

Инаку, Wi-Fi 6 е стандард кој ја носи ознаката 802.11ax и е наследни на 802.11ac, кој па го наследи тогаш популарниот и доста побрз од своите претходници 802.11n. Шестата генерација донесува ново именување, па наместо по ознаката, корисниците ќе можат да ја препознаат генерацијата само по нејзината бројка.

ИЗВОРWi-Fi Alliance
ИЗВОР 2PC Mag
Претходна статијаSamsung размислува за спојување на S и Note серијата во една
Следна статијаVivax заедно со MS Start и MS Energy од M SAN претставени на IFA 2019 во Берлин
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.