Тим на научници и истражувачи ќе инвестираат во сосема нов вид на фотоволтажна соларна ќелија. Со овој нов метод инфрацрвена радијација ќе се претвора во електрична енергија преку користење на различен механизам од досегашните соларни панели. Новиот механизам ќе се базира на таканаречени надразнувања на електрони и вибрации на кристалните решетки. Според истражувачите досегашниот метод на добивање на електрична енергија од соларни панели, може лесно да доведе до несакани загуби на енергијата или недоволно искористување на истата. Додека со овој нов метод, под вистинските околности може значително да се подобри искористеноста на сончевата енергија.

Новите соларни ќелии, кои сеуште се во фаза на истражување, треба да бидат изладени до температура од минус 35 целзиусови степени со цел да се постигне саканиот ефект. Но за да може овие ќелии да се користат во секојдневниот живот, научниците и истражувачите ќе мора значително да ја намалат оваа температурна граница. Моментално се работи на модифицирање и оптимизирање на матерјалот со цел прилагодување на истиот за повисоки температури.

Создавање на високо ефикасни соларни ќелии кои се со едноставен дизајн и практични за употреба, сеуште е цел на многу истражувачи во светот. Постојано се работи на подобрување на постоечките, но и на барање на нови решенија. Според истражувачкиот директор Christian Jooss, сето ова е потребно за да можеме да ја осигураме иднината на снабдувањето со електрична енергија. Инаку позади овој проект стојат истражувачите од универзитетот Göttingen во Германија.

Извор: 3Tags, Medium

Претходна статијаЌе биде ли Legion дел од големиот Марвел Универзум?
Следна статијаСо новите флексибилни LCD на Japan Display скршените екрани ќе бидат минато