MF2013_HomeHero_mk1+air-text

3D принтерите се нова технологија која што само што почна да се развива и е со огромен потенцијал за иднината. Можностите на оваа технологија до сега само можевме да ги гледаме во научно фантастичните филмови, а сега сме сведоци на првите чекори во правец на остварување на некоја од тие можности. Тие наједноставно кажано работат на тој начин што објектот што треба да биде отпечатен, слој по слој го „печатат“ врз основа на 3D сликата направена преку соодветен софтвер. Материјалот кој најчесто се користи во овие принтери е пластиката.

Mark Forged е компанија основана од Gregory Mark кој што е исто така ко-сопственик во компанија која што се занимава производство на крила за тркачки автомобили. Она што ги поврзува овие две различни области е материјалот што го користат како основна состојка во производите. Тој материјал е јаглеродното влакно, или можеби подобро познато на повеќето како carbon fiber. Ова е материјал кој што е многу полесен, а во исто време со многу поголема цврстина од пластиката на пример, која што ја користат повеќето 3D принтери.

Mark One е првиот принтер кој што како состојка за печатењето ги користи јаглеродните влакна. Со тоа овој принтер може да ја најде својата примена во повеќе области, за разлика од принтерите што работат со пластика и слични материјали. Основачот смета дека принтерот би бил многу добар додаток во производството на протетика, како и изработката на алатки.

Принтерот доаѓа и со одличен дизајн, па некои дури го нарекуваат Mac на 3D принтерите. Истиот е со димензии од 22.6 x 14.2 x 12.7 инчи и е изработен од алуминиум. Цената на овој принтер е 5.000 долари, што не е и толку многу за овој тип на производи.

Mark One Teaser from MARKFORGED on Vimeo.

Претходна статијаFacebook ја претстави Paper апликацијата
Следна статијаМожно е намалување на промените и апликациите на Android од страна на Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.