Додека ние зборуваме за автономни автомобили, во местата каде не се возат толку многу копнени возила, како на пример Норвешка, се размислува за паметни бродови кои ќе можат да се движат без никаква помош од луѓето.

Нормално, како најнапредна земја во свет, Норвешка сака да биде пионер во многу нови технологии. Тие се особено познати по бродоградбата, бидејќи и главниот извор на нивната економија се нафтените платформи во морето.

Бродот кој го градат и кој треба до 2020 година да биде целосно автономен, сепак се користи за контејнери, а неговото име е Yara Birkeland.

Засега, бродот ќе има само делумна автономија, односно ќе мора да се контролира од еден од контејнерите кој ќе се наоѓа на него. Потоа, се планира командниот центар да се премести надвор од бродот, па од 2020 година бродот да престане да биде контролиран, односно да има можност целосно сам да плови, да се паркира на пристаништето итн. Во овој случај, тој ќе има само надгледување од луѓето, со цел да не настане некоја грешка.

Бродот е инаку опремен со мноштво радари и сензори и покрај нив, се потпира на глобалниот систем за позиционирање GPS. Цената на Yara Birkeland ќе изнесува 25 милиони долари, што е три пати повеќе отколку што би чинел доколку ги немаше автономните можности.

Планот е тој да почне да плови во 2018 година, кога ќе помине 60 километри од местото каде ќе се произведе, до пристаништето во Ларвик.

Извор: Axios, The Verge, Fortune

Претходна статијаПрви снимки од остатоците на нуклеарниот реактор во Фукушима
Следна статијаРСБСП Совети – Добар одмор за безбедно патување