GettyImages-145504066_0

Според одредени статистики, тука во Македонија над 85% од луѓето слушат радио додека возат автомобил, што значи радиото е секојдневие на поголемиот дел од граѓаните, а претпоставувам и насекаде во светот.

Дополнително, Македонија со цел да го подобри квалитетот на телевизијата се откажа од аналогна телевизија и целосно се дигитализираше сервисот. Норвешка го прави истото со радиото, а од нивна страна е наложено дека Норвешка во 2017, поточно 11 јануари 2017, ќе престане да емитува FM радио. Целта е истата – да се подобри квалитетот на преносот за слушателите да имаат подобро искуство, што дополнително ќе им дозволи да имаат пристап до повеќе содржини.

Како дополнителна позитивна појава од дигитализацијата е подобрен систем за подготвеност во итни случаи.

Дигиталниот пренос на радио во Норвешка има 22 национални канали, додека на FM има само 5, но капацитетот е присутен за уште 20 дополнителни, без никакви проблеми. Монетарната разлика помеѓу FM и дигиталниот пренос е што FM преносот чини барем 8 пати повеќе.

Засега Норвешка е единствената држава која има поставено податоци за транзиција од FM во дигитален пренос, иако повеќе држави во ЕУ го планираат истото, ниедна досега нема поставено прецизни податоци.

Извор: The Verge

Претходна статија6 книги кои Бил Гејтс ги препорача на присутните на TED конференцијата
Следна статијаBMW 7 ќе може да се паркира и со далечинско