Shutterstock.com

Nokia, поточно нивниот сектор за истражување Nokia Bell Labs, најавија дека во соработка со AMBER (Centre for Advanced Materials and BioEngineering Research) од Ирска имаат развиено нова батерија која ќе може да собере повеќе енергија во иста големина.

Ова не е мала работа, а посебно кога ќе се земе во предвид се поголемата потреба од подобри батерии кои се’ уште ги чекаме и никако да бидат преставени. Од Nokia истакнуваат дека веќе имаат поднесено патент за технологијата и дека ќе почнат со лиценцирање на истата на заинтересираните компании кои би сакале да ги произведуваат своите батерии со неа.

Батеријата која ја најавија Nokia треба да овозможи до 2,5 пати поголемо траење на батеријата, што секако нема да ни го овозможи старото и добро полнење на мобилниот еднаш до два пати неделно, но сепак ќе овозможи да телефонот го полниме барем еднаш во текот на денот.

Потребата за подобри батерии во денешно време секако не е само за мобилните телефони, иако и тие бараат подобрување на изворот на енергија поради, како што истакнуваат од Nokia, развојот на 5G мрежите и тоа што тие ќе го донесат.

Други области во кои се јавува подобра батерија е секако автомобилската индустрија, паметните уреди во домот, а тука се и батериите кои се користат за складирање на енергијата добиена од обновливи извори.

Од Nokia исто така истакнуваат дека оваа батерија ќе биде повеќе погодна за користење со обновливите извори на енергија, односно истата ќе може подобро да функционира со овие извори кои имаат варијација во напонот.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаЗапочнува натпреварот Huawei InFocus Awards за мобилна фотографија и видео
Следна статијаДостапни бета верзиите за сите корисниците од iOS 13, iPadOS и macOS Catalina
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.