NIO е кинеска компанија која што е посветена на создавање автономни и електрични возила. Во месец ноември минатата година во Лондон го претстави електричниот супер автомобил EP9. Сега на ред е нивниот беспилотен концепт наречен EVE. Кај овој концепт може да се забележи необичната поставеност на седиштата за патниците. Создаден е за задоволување на секојдневните потреби, но и за подолги релации. Од компанијата се потрудиле внатрешниот ентериер на возилото да дава релаксирачки впечаток за патниците.

Кинеската компанија NIO е поддржана и финансирана од повеќе кинески компании, а во своите редови има вработено луѓе од компании како што се Tesla, Ford, итн. Тие очекуваат нивниот концепт EVE да започне со продажба на американскиот пазар до 2020 година. Покрај добриот и специфичен изглед, за секое електрично возило е важен бројот на километри кои што може да ги помине со едно полнење на батеријата. Во овој случај тоа се рекордни приближно 1.000 километри со едно полнење. Покрај ова, NIO EVE има безжичен систем за полнење на батеријата кој што овозможува 30% за 10 минути полнење, или нешто повеќе од 300 километри.

NIO EVE концептот ќе функционира со мотор за кој што од компанијата велат дека е мотор со вештачка интелегенција. Овој нивни систем е наречен NOMI. Сепак ова возило ќе може да се вози и мануелно, односно ќе ги има сите функции како и „обичните“ возила. Дизајнот на овој концепт остава силен впечато. Останува да видиме дали и колку ова возило ќе може да успее на американскиот и светскиот пазар.

Извор: TheVerge

Претходна статијаНаскоро ќе може да пробате апликација на Windows 10 уште пред да ја инсталирате
Следна статијаЕвропа има нов план за производство на зелена енергија