Најновиот проект наречен South Fork Wind Farm и официјално ќе се гради во New York. Тоа ќе биде најголемата фарма на ветерници изградени на вода во САД. Ќе произведува 90 мегавати зелена енергија, а овие мегавати ќе ги добива од 15 турбини. Сето ова ќе биде доволно за снабдување на над 50.000 семејства со електрична енергија. Проектот ќе биде реализиран од страна на компанијата Deepwater Wind.

Турбининте ќе бидат инсталирани околу 50-тина километри јужно од Montauk и ќе бидат поврзани со станица во East Hampton преку 80 километарски подводен кабел. Овој проект е втор ваков проект кој за кратко време се гради на територијата на САД. Првиот е Block Island Wind Farm во близина на Rhode Island, кој произведува 30 мегавати, а се состои од само 5 турбини. Започна да се гради пред само месец и пол од страна на истата компанија Deepwater Wind.

Официјалните лица во New York велат дека токму оваа држава, а не Калифорнија, е лидер во иновативноста во полето на обновливата електрична енергија. Нивната цел е до 2030 година половина од електричната енергија да ја добиваат од обновливи извори. Инсталирањето на ветерници во вода е наредниот чекор кој што го имаат зацртано и кој ќе ги донесе чекор поблиску до зацртаната цел.

Покрај добивањето на стабилен извор на енергија, со овој вид проекти се отвораат и нови високо платени работни места. Наредна цел на оваа сојузна држава е инсталирање на 2.400 мегаватна фарма на ветерници до 2030 година, која што ќе произведува доволно електрична енергија за да се покријат потребите на 1,25 милиони семејства.

Извор: Inhabitat, Newsy

Претходна статијаШто е “Game Mode” за Windows 10?
Следна статијаЌе биде ли Legion дел од големиот Марвел Универзум?