Компанијата Sonitus Technologies од Калифорнија, САД, го добие милионскиот тендер од Министерството за Одбрана на САД за нивниот производ наречен Molar Mic. Како што може да се претпостави од самото име, се работи за микрофон којшто се поставува на забите, поточно катниците на корисникот.

Начинот на којшто функционира овој уред е преку водоотпорен микрофон, како и испраќање на звук преку коските на корисникот, познат концепт кој можевме да го сретнеме во неколку наврати (bone conduction).

Molar Mic потоа безжично комуницира со посебен уред поставен на вратот на корисникот, а тој потоа се поврзува со радио станицата преку која се прави комуникацијата како и обично.

Главната предност на Molar Mic е што корисниците нема да имаат потребна од поставување на опрема на лицето, што може да претставува проблем за доста ситуации. Исто така, поради пренесување на звукот преку коските на корисникот, директно во неговото ушно тапанче, звуците пристигаат чисто и со многу помали шанси за пречки од околината.

Дополнителна предност на овој начин на комуникација е што корисниците нема да има потреба да поставуваат слушалки на ушите, со што ќе им се овозможи непречено слушање на потребните звуци од околината.

Први оваа технологија ќе ја користат од US Air Force, но се најавува и користење од другите бранши на американската армија, како и во спасувачките агенции и агенциите за обезбедување.

ИЗВОРSonitus Technologies
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаApple денес го одржува настанот на којшто треба да ги претстави новите iPhone X модели
Следна статијаПобеднички фотографии што го изненадија жирито на Huawei Next Image натпреварот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.