Project Natick е името на проектот од Microsoft којшто работи на развојот и истражување на подводни дата центри. Главната причина за тоа е фактот, како што тие истакнуваат, што 50% од светското население живее во близина на бреговите, па ваквите дата центри ќе овозможат подобро и побрзо опслужување на истите со нивните услуги.

Втората фаза од проектот се одвива северно од брегот на Шкотска, поточно на Оркниските Острови. Дата центарот е во форма на цилиндар и е со големина слична на товарните контејнери кои се користат на бродовите.

Во дата центарот се собрани 12 рекови на кои се поставени вкупно 864 сервери, што се разбира не е нешто голема бројка во споредба со големите дата центри на компанијата. Сепак, овој вид на дата центри е наменет да може брзо да се изгради и намести во близина на местото каде што се има јавено потреба.

Покрај близината до големиот број на крајбрежни градови, поставувањето на дата центар под океанот има уште неколку дополнителни предности.

Едната од нив е што дата центарот не е наменет во него да има луѓе, па нивото на кислород и влага е многу мало, што придонесува до подобра и подолготрајна работа на серверите.

Исто така, не би било логично да дата центарот е поставен во вода и истата да не се искористи од страна на системот на ладење, а овој систем е еден од најважните во дата центрите, со оглед на топлината која се генерира од огромниот број на сервери.

Дата центарот е поврзан со кабел со копното од каде добива струја од обновливи извори, а во исто време е и поврзан со глобалната мрежа, односно реално е ставен во функција.

Замислата е да ваквите дата центри можат да останат и самите да се одржуваат под вода до 5 години, а една маана е што не е можен пристап доколку дојде до расипување на некој од серверите. Од компанијата истакнуваат дека се надеваат дека поради условите во кои работат овие сервери, процентот на расипани сервери ќе биде помал од тој во „обичните“ дата центри.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаПретставен BlackBerry KEY2 повторно со познатата физичка тастатура
Следна статијаОдлична понуда на книги на “Летен саем на книга“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.