Microsoft
Фото: Microsoft Blog

Компанијата Microsoft развива софтвер кој ќе умее да црта по инструкции дадени исклучиво во текстуална форма. Според инструкции дадени во форма на текст, програмата ќе знае што од неа се очекува да биде илустрирано.

Софтверот ќе знае да препознае низа клучни зборови со чија помош ќе дознае што од него себара. Тој функционира по принципот на неврална мрежа именувана AttnGAN, која ја креира сликата пиксел по пиксел. Ова е дел од AI проектот развиван од компанијата Redmond. Покрај споменатиот софтвер, постои и бот кој умее да идентификува и опишува слики, како и друг кој нуди информации и одговори во врска со доредена слика преку аудио.

Главната цел е машините да научат да го разбираат светот на начинот на кој тоа го прават луѓето. На овој начин некогаш во иднина компјутерите би имале имагинација за самите да создаваат уникатни содржини. Ова ќе значи голем напредок на полето на дизајнот бидејќи речиси секоја замисла ќе може да биде реализирана со помош на виртуелен асистент со едноставна гласовна команда.

Но и на страна од тоа. Ваквите обиди на Microsoft несомнено водат кон нов начин на комуникација помеѓу човекот и машината. И не само комуникација туку разбирање. За сега проектот е во фаза која може да се спореди со комуникација помеѓу човек и дете. Но, потенцијалите ветуваат дека машините за многу брзо време ќе станат кооперативни и достојни соговорници со луѓето.

Извори: TheNextWeb, Inverse, Microsoft Blog